Во текот на вчерашниот ден се случи двоен бомбашки напад врз источниот либиски град Бенгази, според сегашните информации, најмалку 33 лица загинале, а десетици се повредени, меѓу кои и високи претставници на безбедноста.
Со овој терористички напад завршен е релативниот мир што кој владееше во изминативе неколку недели во Бенгази, откако војниците лојални на генерало Калифи Хафтар ги елиминираа милитантите и во последната област каде што беа присутни. Но, очигледно тоа не ја елиминираше терористичката закана во градот.
Првата експлозија на автомобил бомба се случи пред џамијата во централното градско подрачје на Ал Салмани во време кога верниците излегоа од вечерната молитва (јација). Некаде околу 10 минути подоцна, кога пристигнале безбедносните сили на местото на настанот, имало уште една експлозија, посилна од првата.
Ахмед ал-Фејтури, кој ја предводеше истражната комисија, беше меѓу убиените, а меѓу повредените бил и висок претставник на разузнавачката служба, Махди ал-Фелах.











