Иран ја повикува Русија на единство во спротивставување на американската коалиција

by Administrator

Иран ја повика Русија на обединување со регионалните држави во борбата против таканаречената меѓународна коалиција предводена од САД.

“Иран е за создавање на регионален сојуз кој освен Русија и Сирија ќе ги вклучува Пакистан и Ирак, со што би можеле да ја неутрализираат коалицијата предводена од САД”, изјавил помошникот на иранскиот Врховен лидер ајатолахот Алиах Хамнеи, генерал Јахја Рахим Сафави.

Иранскиот генерал додал дека американската стратегија е фокусирана на ширење и одржување конфликти во регионот, бидејќи Вашингтон има воени, економски и политички придобивки од ваквите ситуации.

Генерал Јахја Рахим Сафави не се сомнева дека САД се залагаат за создавање на автономен курдски регион, и кршење на меѓународните стандарди кои гарантираат почитување на територијалниот интегритет на суверените земји.

Предлогот на иранските генерали се чини дека е недостижен, иако врските меѓу наведените држави се движат од блиско и стратешко партнерство, до ситуациони сојузи и соработка во воениот и разузнавачкиот сектор. Освен тоа, вообичаено е сите да бидат цел на глобалниот тероризам, како и на мешањето на САД во нивните внатрешни работи и да предизвикување на политички, етнички и секташки поделби. Може ли од тоа да произлезе некој вид сојуз, тешко е да се каже. Сепак, факт е дека Вашингтон по неодамнешниот конфликт со Пакистан, како и поранешните недоразбирања со Багдад, заради легализацијата и воените активности на локалните шиитски милиции, во судир со сите наведени земји не е исклучен облик на соработка,иако не е тешко да се предвиди на кое ниво.

Извор:logicno

You may also like

Leave a Comment