Сириската армија и нејзините теренски сојузници ослободиле шест населби во јужниот дел на регионот Идлиб и повторно многу блиску се доближија до стратешки важната воздухопловна база на Абу-Духур, која е од 2015 година. во рацете на одредени тероистички организации, формации на ИСИЛ.

Фотографија: воздухопловна база Абу-Духур во регионот Идлиб

Сириската агенција САНА пренесе дека најистурените позиции на сириската армија од воздухопловната база ја дели само едно село југозападно од тој воен објект. Во јужниот правец, сириската армија се бори против терористичката организација “Џабхат ал-Нусра” на самата граница со територијата на воздухопловната база.

Потсетуваме: на 10 јануари, сириската армија успеа да ги протера вриврзаниците на Џабхат ал-Нусра  од воздухопловната база Абу Духур, меѓутоа набрзо дошло до  обединување на разни воени организации во регионот на Идлиб, кои, зајакнати, успеаја повторно да го заземат  аеродромот.

Сирискиот воен гарнизон во воздухопловната база Абу Духур  своите одбранбени позиции ги држел околу три години. Во септември 2015 година терористите успеаја да влезат во базата, по што беше убиен нејзиниот командант, генерал Ихсан ал-Захири и сите останати сириски војници.

По ослободувањето на Абу-Духур, што се очекува наскоро, на сириската армија ќе и останат уште само 40 километри до истиот административен центар во регионот – градот Идлиб.

Извор:Geopolitika

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here