Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска објави дека ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори кои ќе се оддржат во март.

Поранешниот воен генерал ја објави својата кандидатура во живо пренесувана на телевизија.

Сиси беше избран за претседател 2014 година, една година после предводувањето воен удар со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Морси, лидер на забранетата партија Муслиманско братство.

Ниту еден од кандидатите кои објавија дека ќе се кандидираат за претстојните избори, сериозно не може да го загрози реизборот на Ел-Сиси, пренесува АП.

Претседателските избори во Египет ќе се одржат од 26 до 28 март. Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во март, вториот круг ќе се одржи од 24 до 26 април.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here