Жестоки судири избувнале во текот на вчерашниот ден во областа на меѓународниот аеродром во главниот град на Либија, Триполи. Како што објави новинската агенција Ројтерс, во судирите загинале најмалку 20 лица, аеродромот е затворен, а и авиите биле оштетени. Пукањето било забележано и во центарот на градот.

Ова е најжестокиот конфликт во Триполи во последните неколку месеци и уште еднаш покажува дека не се точни  тврдењата на тамошната власт дека ситуацијата ја држат под контрола. Да потсетиме, во Триполи, владата моментално ја држи ГНА (Владата на Националниот Договор) со поддршка на ОН. Во исто време во Либија постои и алтернативна влада, онаа во источниот град Тобруку (кои меѓусебно не се признаваат).

Еден од оштетените авиони

Извори потврдуваат дека конфликтот дошло помеѓу групите познати под името Специјални одбранбени сили (РАДА), една од најмоќните во Триполи, и нивните ривали, милитантите од градскиот кварт Тајгура.

РАДА е сојуз со властите на ГНА и го контролира аеродромот и блискиот затворски комплекс. Но, сегашните судири покажуваат дека милитантните фракции продолжуваат да се судруваат на просторот на главниот град, борејќи се за влијание и територија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here