АБУ ДАБИ, 14. јануари, 2018 година (WAM) – Хуманитарната болница “Волонтерите на Зајед” во Бангладеш во градот Cox’s Bazar, отвори болница како дел од програмата на иницијативата “Заед дава” за лекување на деца и постарите лица од прогонетот мусалиманско малцинство Рохингја од Мијанмар.

Обединетите Арапски Емирати се првата арапска земја која формира болница во областа која ќе им служи на бегалци Рохингја, под надзор на медицински тим волонтери од ОАЕ-Бангладеш. Ова е гест без преседан од страна на земјата и нејзините хуманитарни институции за обезбедување медицинско олеснување и итен одговор на бегалците.
Мисијата е во соработка помеѓу иницијативата за застапување на основоположникот на ОАЕ Зајед, – Zayed Giving , друштвото Дар ал Бер, саудиско-германската болница во Дубаи и хуманитарна организација на емиратот Шарджа.
Инаугурацијата на Зајед хуманитарната болница доаѓа како одговор на барањето на потпретседателот на ОАЕ, премиерот и владетел на Дубаи, Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, да се усвои иницијатива и програми во согласност со гестовите на Неговото Височество Шеик Мохамед бин Заид Ал Нахјан, Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, како и директивите на претседателот Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан.

Хуманитарната болница “Волонтерите на Зајед” во моментов работи како дел од иницијативата за застапување “Зајед”, која се спроведува во различни земји ширум светот во координација со локалните владини и непрофитни организации.
Болницата обезбедува услуги за деца и постари бегалци преку своите мобилни медицински единици опремени со најсовремена специјализирана медицинска опрема, вклучувајќи и итна единица, единица за грижа, лабораторија и аптека.
Имран Мохамад Абдула, шеф на Секторот за добротворни проекти во Друштвото на Дар ал Бер, ја истакна важноста на бесплатните медицински услуги од страна на волонтерските тимови за поддршка на влошената хуманитарна ситуација на бегалците од Рохингја.
Тој посочи дека хуманитарната болница е под надзор на четири тимови – дијагностички, терапевтски, превенција и обука – за да се изгради капацитетот на локалните кадри.
Извор:WAM / Rasha Abubaker










