Авион на авиокомпанијата Pegasus Airlines Boeing 737-800 со 168 патници и членови на екипажот на релација од Анкара кон Трабзон засега од непознати причини при слегувањето излетал од пистата на брегот на Црното Море доцна во саботата.

26231355_2281098095265931_150771458121175713_n

Сите патници биле евакуирани безбедно, изјавил гувернерот на провинцијата, Јучел Јавуз. Не се пријавени патници со посериозни повреди.

Причината за несреќата се испитува, велат официјалните претставници.

Државната новинска агенција Анадолу изјави дека имало паника во авионот, кога авионот излегол од контрола.

Сликите покажуваат дека авионот лежи нос надолу кон каллива падина на само неколку метри од работ на водата.

Aеродромот бил затворен неколку часа, додека се одвивала истрагата

Во соопштението на Pegasus Airlines се наведува дека авионот “имал инцидент на пистата при слетување на аеродромот” во Трабзон.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=q0MVrQHrnzE[/embedyt]

26734050_2281098098599264_4805328589106606718_n 26231413_2281098051932602_3014345404380834715_n 26239253_2281098055265935_4393629465175393375_n 26239403_2281098058599268_6902860642884351356_n 26731295_2281098088599265_4813724686752682404_n 26733656_2281098141932593_7197197528322665131_n

Извор:gulfnews

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here