Земјотрес со јачина од 5,5 степени почувствуван бил денес околу 8.часот во централниот дел на Ирак, вклучувајќи го и главниот град Багдад, објавија државните медиуми.
Државната телевизија објавила дека нема извештај за штета или настрадани.
Снабдувањето со електрична енергија и работата на интернетот не се прекинати во центарот на градот.
Податоците за јачината на земјотресот биле објавени од страна на Американскиот геолошки институт.
Во силниот земјотрес кој во ноември минатата година ја погоди областа на границата помеѓу Иран и Ирак загинаа најмалку 530 луѓе во Иран и шест во курдскиот регион на Ирак.
Извор:(Vijesti/ SRNA)








