Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.
-Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба – информираат од МНР.









