Затвореници од затвор во југоисточниот турски округ Адијаман биле пренесени в болница, поради труење со инсектицид.
Весникот „Хуриет Дејли Њуз“ објави дека труењето најверојатно било предизвикано од средството за уништување инсекти користено во затворската кујна.
Според затворски извори, по употребата на инсектицидот во кујната на затворениците им било забрането да влегуваат во просторијата, но сепак дел од нив не ја почитувале забраната.
По престојот во кујната, дел од затворниците почнале да се жалат на мачнини, по што набрзо нивниот број се зголемил на стотина.
Во затворот веднаш пристигнале возила на брзата помош, со кои најмалку 98 затвореници биле пренесени в болница.
Извори во болницата соопштија дека затворениците се вон животна oпасност и дека голем дел од нив по укажаната медицинска помош биле вратени во затворот.
Управата на затворот започнала истрага за настанот.
Извор:НоваТВ










