Американскиот демократ Том Штајер во понеделникот објави дека ќе го финансира изборот на демократски кандидати во Претставничкиот дом на американскиот конгрес со 30 милиони долари за превземање на доминацијата на републиканците и конечна смена на и претседателот Доналд Трамп.![]()
Демократот Штаер веќе потроши милиони долари за реклами и огласи со кои бара оставка на претседателот Трамп. Во понеделникот тој објави дека нема да се кандидира, но ќе продолжи да спроведува национална кампања за повлекување на Трамп.
“Јас се борам за заминувањето на Доналд Трамп од функцијата и власта”, рекол Штајер.
Претставничкиот дом е тело кое изнесува формални обвиненија против некој официјален претставник, а тоа може да биде првиот чекор кон отповикување на претседателот Трамп. За случајот пресудува Сенатот.
– Парите ќе бидат искористени за мобилизирање на млади гласачи згрозени од она што се случува во Вашингтон и во 10 клучни држави: Флорида, Вирџинија, Висконсин, Мичиген, Невада, Калифорнија, Пенсилванија, Ајова, Њу Хемпшир и Аризона.
Во ноември, Американците ќе ги избираат пратениците за 34 места во Сенатот и 435 места во Претставничкиот дом.
– Се чувствувам обврзан да организирам и да ги мобилизирам американските гласачи. Тие мора да бидат најголемата сила во американската политика “, рекол Штајер на прес-конференцијата во Вашингтон.
Извор: Index.hr









