ралското Воено воздухопловство на Саудиска Арабија соопштило дека се спасени двата пилоти чиј борбен авион се урнал во текот на операција во Јемен.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила заради технички дефект, додека телевизијата на јеменските бунтовници “Ал-Масира“ пренесла дека авионот од британскиот мдоел “Торнадо“ “погоден“ бил во воздушниот простор на Јемен, над северната покраина Саада, која се граничи со Саудиска Арабија.

Шиитските бунтовници Хути изјавиле дека авионот паднал на Саудиско тло.

Соопштението на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен, вели дека пилотите не се повредени, и дека копнените и воздушните сили ги евакуирале во Саудиска Арабија.

Од коалицијата не е наведено каде се случила несреќата.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here