Опозициската партија во Малезија го именувала Махатхир Мохамад (92) за кандидат премиер на општите избори кои ќе се оддржат ова лето, пренесува Ројтерс.
Махатир е поранешен премиер на Малезија, најзаслужен за економскиот раст во деведетсетите години, меѓутоа многумина сметаат дека со своите 92 години повеќе не е во состојба да ја води владата на ова држава.
Сепак и покрај тоа, со оглед на тоа дека најпопуларниот опозициски лидер Анвар Ибрахим е во затвор, Махатир представува најголем предизвик за актулениот премиер Наџиб Разак кој е оптеретен со корупциски скандал.
Доколку победи на зиборите, Махатир ќе биде најстариот политички лидер на светот.
Извор:(Vijesti/FENA)








