Таканаречената метеоролошка “циклонска бомба”, придружена со силни ветришта и обилни снежни врнежи, ги погоди североисточните делови на САД. На Флорида снегот паднал речиси после 30 години.
 
Училиштата се затворени, како и државните институции, а температурата се очекува и понатаму да продолжи да паѓа.
 
До крајот на оваа недела, според СНН, во делови од САД би можело да биде “поладно отколку на Марс”.
 
Таканаречената “циклонска бомба” доведе до снег, стагнација и силни студени ветрови во САД. Во градовите како Њујорк и Бостон, владее хаос во сообраќајот.
 
На Флорида е толку студено што игуаните, ненавикнати на ниски температури, се закочуваат и паѓаат од дрвјата во предградијата во Мајами, пишува АП и фотографиите од замрзната Америка го обиколија светот.
 
 
Покрај тоа, “Skaj njuz” објави дека четири замрзнати ајкули испливале на бреговите на Масачусетс. Како што се наведува сите биле пронајдени на р`тот. Код.
ajkulizamrznati
 
Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here