Најмалку 11 лица загинаа, а 25 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, за што одговорноста ја презеде исламската држава.
Бомбашот самоубиуец се разнел во воздух додека се приближувал кон припадниците на група безбедносните сили кои спроведувале операција против нелегалната продажба на дрога и алкохол во Кабул, недалеку од американската амбасада и други странски мисии.
Набргу по нападот, новинската агенција Амак, блиска до екстремистите, објави дека Исламската држава ја презела одговорноста за нападот во Кабул.
Портпаролот на авганистанското Министерство за здравство, Вахид Маџхор, изјавил дека во болница се префрлени 11 мртви и 25 ранети.
Според портпаролот на полицијата, петмина полицајци се меѓу загинатите, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека бомбашот самоубиец бил облечен во полициска или воена униформа.
Извор:cdm









