Повеќе од четири илјади туристи се блокирани на француските Алпи заради обилните снежни врнежи, а еден скијач загинал во лавина, пренесува АФП, цитирајќи извештаи од локалните власти.
Локалната администрација Савоје соопштила дека повеќе од 3.500 возачи ја поминале ноќта во засолништата откако нивните возила останале блокирани на снежно покриените патишта.
Уште неколку стотина особи, главно туристи кои планирале да ја прослават Новата година во алпинските зимски центри, останаа на аеродромот во Шамбериј.
Предупредувањето за опасност од лавина е на највисоко ниво. И покрај ова, 22-годишен скијач бил пронајден мртов откако лавина го однела од скијачката патека.
Извор:(Vijesti)









