Видео на денот: Вака изгледа чистењето на Бурџ Калифа од надвор

0
259
Бурџ Калифа, симболот на Дубаи, висока повеќе од 800 метри и официјално е највисоката зграда во светот што некогаш била направена. Неа ја дизајнирал американскиот архитект Адријан Смит, а главен инвеститор е локалната компанија од светски “Emaar Properties”.
Изградбата на Бурџ Калифе започна на 21 септември 2004 година, а церемонијата на отворање се одржа на 4 јануари 2010 година. Ова архитектонско чудо чинело повеќе од четири милијарди долари.
Бурџ Калифа е два и пол пати повисока од Ајфеловата кула, а тежината на употребениот бетон за изградба е еднаква на тежината на 100.000 слонови.
Во зградата има 30.000 станови, девет хотели, трговски центар, базени …
Кулата има 24.000 прозорци кои се секогаш беспрекорно чисти. Специјализираните тимови на квалификувани и пред сè храбри млади луѓе кои мораа да го надминат стравот од височина, се одговорни за овој дел од работата.
Ако никогаш не сте биле во близина на оваа мега зграда, додека тимовите ја чистат нејзината надворешност  еве можноста да се види како изгледа тоа:
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=wcRuXrduj6Q[/embedyt]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here