Индија денес го претстави новото оружје против загадувањето на воздухот – џиновските топови, кои, како што се надеваат властите, ќе го расчистат небото над Њу Делхи.
Индијските произведувачи на топови велат дека ситните капките вода, кои топот ги исфрла со голема брзина, може да го намали нивото на смртоносните ситни честички во воздухот во еден од најзагадените градови во светот.
Топот, кој потсетува на огромен фен за коса, денес е тестиран, и чини околу 31.000 долари и може да фрли до 100 литри вода во минута кон небото, пишува The Express Tribune.
Загадувањето во главниот град на Индија се влошува во текот на зимата, а во ноември ситуацијата беше толку сериозна што лекарите прогласија јавна здравствена криза.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=-UekHkkZr2U[/embedyt]









