Либиската крајбрежна стража спаси повеќе од 250 илегални имигранти кои се обидиле да ја напуштат северноафриканската земја во мали бродови за да стигнат до Италија, објавија официјалните претставници во саботата.
– Бродот Ибн Оуф, кој припаѓа на морнарицата, во петокот ги спасил илегалните имигранти, вклучувајќи жени, деца, мажи … тие доаѓаат од разни субсахарски и арапски земји, изјавил за Ројтерс ,капетанот на крајбрежната стража Абдулхади Факал.
Факал додаде дека мигрантите биле спасени во близина на градовите Карабулли и Злитен, и дека станува збор за околу 250 до 270 луѓе.
Извор:faktor










