Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг денес одреди 10 милиони долари колективен надоместок за децата-војници, принудени да се борат во редовите на поранешниот воен лидер на Конго Томас Лубанга, објави Фена.
Лубанга треба да го плати овој надоместок, кој ја вклучува и неговата одговорност за 425 жртви и сите други потенцијални жртви, изјавил судијата Марк Перен де Бришамбо, во Хаг, се вели во соопштението.
Судиите наведиле 425 директни и индиректни жртви, но тие не го одредија нивниот точен број, наведувајќи дека илјадници луѓе биле погодени од злосторствата на Лубанга.
Лубанга, поранешен лидер на “Сојузот на Родољубите на Конго”, беше осуден на 14 години затвор во 2012 година за регрутирање на деца-војници во конфликтите во периодот 2002-2003 година. Некои регрутирани деца едвај имале 11 години.
Бидејќи Лубанга нема пари, Судот му нареди на Фондот за жртви да посочи дали може да одвои дополнителни средства за исплата на колективни надоместоци или да продолжи да собира дополнителни средства.
Ова независно тело, основано со Римскиот статут, односно со основачки договор на Меѓународниот кривичен суд, добива доброволни придонеси од земјите-членки на судот, меѓународните организации и поединци.
Лубанга има право на жалба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here