Претставници на еврејската организација Neturei Karta од Њујорк, која е позната по учеството на протести за поддршка на Палестинците, и денес протестираа против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Израел како главен град на Израел.
Десетина членови на оваа организација се собраа пред зградата на Обединетите нации (ОН), каде што протестираа против одлуката на Трамп.
Насобраните носеле транспаренти со натписи: “Државата Израел ја украде светата земја”, “Државата Израел не ги представува Евреите” и “Израел нема право да управува со другите”.
Потсетуваме, од ова еврејска организација, претходно порачаа дека е единствениот решение за палестинска криза е Палестина повторно да стане една држава, чија територија ќе се протега во границата пред 1948 година.
Исто така, членовите на организацијата Neturei, инаку ортодоксни Евреи, сметаат дека Израел ја окупирал Палестинска територија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата Ерусалим го призна за главен град на Израел и најави преместување на амбасадата на својата земја од Тел Авив, во Ерусалим и покрај силното противеење на меѓународната заедница.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинскиот конфликт, палестинците се надеваат дека источниот Ерусалим, кој моментно е под Израелска окупација, дека ќе биде главниот град на иднината на Палестинската држава.
Извор:(Vijesti / AA)










