Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Ејуп Ѓулсој, Менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од над 6.000 метри квадратни метри и да се вработат околу 300 лица. Во периодот од 10 години, компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупниото производство би се простирало на околу 18.000 метри квадратни.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Hfdx61OQTtM[/embedyt]

– Географската положба на Република Македонија, односно близината до Европската Унија, квалификуваната работна сила, позитивниот пристап на Владата и новиот пакет на мерки за државна помош кои Владата ги подготвува беа фактори кои придонесоа компанијата да се одлучи да инвестира во Република Македонија – истакна Ѓулсој.

Компанијата Мурат Тиџарет ќе функционира во Република Македонија под името Murat Wiring Systems, кои согласно договорот во наредните 50 години ќе добијат на користење земјиште со површина од 32 илјади квадратни метри, по цена на користење од 0,1 ЕУР по метар квадратен годишно. Првата фаза на инвестицијата ќе започне во февруари 2018 година, а се очекува производствениот погон да започне со работа во декември истата година.

Младеновски истакна дека условите за инвестирање во зоните се исти за сите компании и дека дирекцијата е во постојани преговори со домашни и странски компании кои се заинтересирани за инвестиции.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=y83wOkbfPUE[/embedyt]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here