Атлантскиот совет објави извештај за новата американска стратегија за Балканот под наслов“ Балканот напред: Нова стратегија на САД за регионот“.
Во него е предложено постојано американско присуство во југоисточна Европа, залагање за “историско помирување„ со Србија и обновување на репутацијата на САД како вистински посредник.
За утре во Вашингтон е закажана конференција на Атлантскиот совет за Западен Балкан.
После конфилктите во текот на 90-те, се верувало дека Западен Балкан се наоѓа на пат кон стабилност и дека ветувањето на евроатлантската интеграција ќе им помогне на земјите од поранешна Југославија да поминат низ болните внатрешни реформи подтикнат регионот на соработка, која ќе помогне во надминувањето на раните од војните, се наведува во извештајот.
Според отценката на Атлантскиот совет, во регионот постигнат е значаен напредок -Словенија и Хрватска сега се членки на НАТО и ЕУ, а Албанија и Црна Гора и пристапија на НАТО.
Охрабрени со ови успеси, ангажирањето на европските држави и САД е намалено, со оправдување на пасивно верување во неизбежноста на крајното движење на регионот.
Иако регионот сеуште сака да му се придружи на Западо и нејзините институции, конечниот исход не би требало да се зема здраво за готово, се истакнува во новата американска стратегија за Балканот.
САД посебно можат и треба да имаат клучна улога во тоа како би дале глас на јасната заедничка визија за регионот и координирале со Европската унија повторно воспоставување на јасен пат кон заедничкиот трансатлантската цел на политичко ниво, смета Атлантскио совет.
Во извештајот се наведени неколку конкретни чекори, кои САД би требало да ги направат како би помогнале во стабилизација на регионот.
Под еден, Атлантскиот совет смета дека САД треба да воспостават постојано присуство на војската во Југоисточна Европа, со што би се покажала константна посветеност на постигнувањето на безбедност во регионот и овозможила себе си долгорочно да влијае на развојот на настаните.
Кампот Бондстил е едеален за тоа, стои во извештајот.
Војниците би требало да помогнат и зајакнат способностите на локалните власти во борбата против тероризмот низ обука и размена на најдобрата пракса, како и овозможување на помош во хуманитарни катастрофи, а тоа би требало, да испрати јасен сигнал на регионот дека САД се посветени на непромислена ревизија на постоечките граници, што, како што тврдат, го потикнува рускиот авантуризам.
Под два, во извештајот се предлага. САД треба да се обиде да “постигне ’историско’ зближување со Србија. Тоа не е строго зборувајќи нов пристап, туку неопходен обид во контекст на обновување на ангажманот во регионот“.
Белград може и треба да биде близок партнер и сојузник во регионот, ама тоа може да постане единствено доколку започне значајно да се дистанцира од Русија, наведува Атлантскиот совет.
Под три, САД треба да ја повратат репутацијата на вистински посредник, кој меѓу останатото, треба да вложи дополнителен напор за да ги подготви Атина и Скопје во иднина да станат сојузници и да и` се придружат на ЕУ во напорите да се подтикне разговорите на Белград и Приштина што побргу да завршат.
Под четири, како се наведува, треба да се обрати внимание на предприемачите и младите во регионот.
Ниту еден од овие потези нема смисла без обраќање на внимание на долгорочните економски перспективи на регионот и младите луѓе, се истакнува во извештајот.
Се напоменува дека САД мораат повторно да се ангажираат со своите европски партнери да создадат значителни економски можности за луѓето од регионот од инфраструктурните проекти, преку намалување на ограничувањата во регионалната трговија, до подтикнување на инвестирање во дигиталната сфера..
Европската унија е, и ќе остане главен играч на западниот Балкан, со далеку повеќе ресурси, алати, човечки капитал и политичко внимание посветено на регионот од САД наведува Атлантскиот совет и истакнува дека САД треба да задржи посебен авторитет, кој може да се искористи како би се унапредила безбедноста на регионот, со што никогаш повеќе не би станал извозник на сериозни проблеми, ниту конфликти.
САД можат да канализираат позитивен стратешки резултат кој ќе отвори пат кон уште побезбеден и попросперитетен регион, стои во извештајот на Атлантскиот совет за новата американска стратегија за Балканот под наслов “Балкан напред: Нова стратегија на САД за регионот“.
Извор:cdm








