Како што известивме, сирискиот претседател Башар ал-Асад ненадејно ја посети Русија, каде што се состана со Владимир Путин во претседателската резиденција во Сочи и со рускиот воен врв.
Според руските медиуми, состанокот зад затворени врати траел четири часа. Многу малку е познато за содржината. Владимир Путин рекол дека воените операции поради поразот на терористите ќе завршат и дека треба да се бара политичко решение, бидејќи Сирија како држава е спасена.
Путин додал дека на претстојниот состанок со претседателите на Турција и Иран ќе разговара за “прашањето на мирно и политичко решение на кризата и по поразот на терористите да најде долгорочно решение за ситуацијата во Сирија”.
Додека пак, Башар ал-Асад рекол дека Сирија се потпира на помошта на Русија во “немешањето на надворешните актери во политичкиот процес и дека се надева дека од надвор процесот ќе биде поддржан од самите Сиријци”.
Освен претстојната средба со претседателите на Иран и Турција, Владимир Путин  за ситуацијата во Сирија ќе разговара со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани и американскиот претседател Доналд Трамп, како и други лидери во регионот.
Високи руски официјални лица биле затекнати од ненајавена посета на Башар ал Асад. Некои од нив накратко ја коментираа посетата.
Заменик-претседателот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Руската Федерација, Франц Клинчевич, вели дека исходот од состанокот сведочи за “колосалниот чекор” во процесот на воено-политичко стабилизирање на ситуацијата во Сирија.
Сепак, сенаторот рекол дека “се ‘уште има многу напорна работа, бидејќи Сирија е полна со агенти кои влијаат и ги финансираат активностите на разни групи”.
“Да, овие изјави покажуваат дека воената операција ќе биде завршена до крајот на годината. Во Сирија, ИСИЛ наскоро ќе биде уништен и руската авијација може да замине “, рекол Клинчевиќ.
Заменик претседателот на Комитетот за одбрана на Државната Дума, Андреј Красов, не сакал да зборува за датуми.
“Веројатно претседателите на Русија и Сирија разговарале за прашањето за завршување на воените операции и донесеа одреден краен распоред. Но, додека терористите се во Сирија, веројатно нема да се зборува за запирање на непријателствата “, рекол Красов.
Коментирајќи ја посетата на Асад во Сочи, сенаторот Виктор Озеров истакнал дека “Русија мора да преземе низа сериозни чекори за да се спречи немешањето на странските актери во внатрешните работи на Сирија. Тој предвидел можно зголемување на активноста на меѓународните актери кои сакаат да ги реализираат своите сценарија во арапската земја.
“Сепак, успешната имплементација на процесот во Астана, со учество на Турција и Иран, како и врската со Саудиска Арабија, ни овозможува да сметаме на успех на овој пат”, рекол сенаторот Виктор Озеров.
Доктор на воени науки, академик Константин Сивков, изјавил дека Русија одигра голема и апсолутна клучна улога во ослободувањето на Сирија од терористите.
“По настаните од 2012 и 2013 година, со испорака на оружје, воена опрема и испраќање голем број советници, Русија повторно создаде сириска армија. Што се однесува до руската авијација, нејзината главна важност е тоа што не овозможи директна воена инвазија врз Сирија од страна на САД “, рече експертот.
Тој додал дека пасивниот став на Русија ќе доведе до исчезнување на сириската држава. Според Сивков, во тој случај Сирија ќе биде поделена, а раководството на овие нови ентитети ќе биде под контрола на САД и Саудиска Арабија.
Константин Сивков истакнал дека во овој момент моќта на легитимната сириска влада е сé уште слаба, но военото присуство на Русија ќе ја гарантира безбедноста на земјата.
“На пример, во економската ситуација во Сирија, монархиите на Персискиот Залив се заинтересирани за транспорт на гас и нафта преку Сирија и преку сириските пристаништа. Ова може да доведе до хаос и директна воена агресија врз Сирија. Но се додека постои руски контингент, ова нема да се случи “, рекол Сивков во интервју за РТ.
Еден од водечките експерт за Блискиот Исток во Московскиот државен институт, Јуриј Зинин, вели дека “земјите кои претходно беа против Сирија конечно сфатија дека Сирија почна да го обновува суверенитетот и да ја воспостави државност”.
“Да се подели Сирија, како што некои се надеваа, сценарио е кое не успеа”, рекол Зинин.
Странските медиуми сé уште не го анализирале состанокот на двата претседатели. Курдската АХНА од Сирија кратко извести за состанокот и договорот на “сирискиот режим” и Владимир Путин за потребата од зајакнување на политичкиот дијалог под покровителство на Обединетите нации.
Ројтерс вели дека сирискиот конфликт влегува во нова фаза со заземањето на послендиот голем град , Ал-Букамал од страна на владините сили и нивните сојузници, последниот голем град во Сирија што го држи таканаречената “Исламска држава”.
“Во внатрешноста на Сирија, ИСИЛ држи уште неколку села долж реката Еуфрат и мали области од блиската пустина, како и изолирани џебови во другите делови на земјата и ги губи сите области што” калифатот “ги окупирал во 2014 година.
Поголемиот дел од силите кои се борат за исламската држава во Сирија и Ирак рекоа дека ќе преминат во илегала и дека ќе водат герилски бунт, користејќи се со спиечки ќелии и бомбашки напади “, пишува Ројтерс.
Русија нема да ја напушти Сирија
По кратки изјави што ги дадоа Асад и Путин, се поставува прашањето дали Русија ќе ја напушти Сирија? Се разбира, дека нема. Отвореното прашање на Идлиб и северниот дел на земјата, окупирано од Курдите, останува отворено, што ќе биде тема на разговорите меѓу Путин, Рохан и Ердоган.
Процесот на политичко помирување, како што постојано истакнува Москва, не ја вклучува коалицијата Хајат Тахрир Ал-Шам, предводени од сирискиот огранок на Ал Каеда, па затоа најавата за суспензија на сите воени операции треба да се преземе со резерва.
Покрај тоа, и областа на Источна Гута е, исто така, голем проблем, од каде што главниот град на Сирија и сириската амбасада во Дамаск беа повторно гранатирани исто како и руската амбасада во Дамаск.
Но, факт е дека со победата над “исламската држава” сириската војна влезе во нова фаза. Со завршувањето на воената кампања во областа долж границата со Ирак и покраината Деир Ез-Зор, владините сили ќе ослободат голем број борци и техника, кои успешно ќе можат да се справат со останатите групи во Идлиб, на југот на земјата и во Источна Гута. Енклави во областите на Западен Каламун, подрачјата Думаер и Џаруд одамна влегоа во прекин на огнот и го чекааѕ политичкото решение за кризата во Сирија.
Исто така, невозможно е да се очекува дека Русија ќе ја напушти воздушната база Хмеимим и поморската база во Тартус. Покрај тоа, Русија, Иран и Кина неколку пати најавија дека ќе учествуваат во реконструкцијата на урнатото земјиште и инфраструктурата за нафта и гас.
Утрово Владимир Путин за состанокот со Асад разговарал со саудискиот крал Салман, но медиумите не даваат ништо за содржината на разговорот.
Рускиот сенатор Виктор Озеров е во право кога предвидува евентуално зголемување на активностите на меѓународните актери кои сакаат да ги спроведат своите сценарија во Сирија, што значи дека ќе го одбијат политичкото решение за конфликтот и сакаат продолжување на војната. Затоа, овој состанок треба да се гледа како обид да се потврди кој од меѓународните актери ќе ја поддржи мировната иницијатива од страна на меѓународните актери и кој ќе истрае на поделба и уништување на Сирија.
Во овој момент се чини дека ниту еден од актерите кои ја започнаа војната во Сирија немаат доволно ресурси ниту пак која било група која е контролирана и финансирана доволно силна за да ги постигне посакуваните цели.
Се разбира, останува проблемот со резерватот во Идлиб, каде што процесот на помирување може да се изврши како во текот на 1990-тите во Алжир. По десетгодишната крвава војна, екстремистите на групата Јама’а ал-Исламија беа уништени, а Партијата на фронтот за исламски спас прогласи примирје, положи оружје и борците беа амнестирани. По една деценија крвава војна, Алжирците ја поздравија оваа одлука од страна на претседателот Абделазиз Бутефлике, кој е на власт од 1999 година и до крајот на војната, за на изборите редовно да победува со повеќе од 80 отсто од гласовите за поддршка.
И покрај тоа што е неблагодарно да се споредат две војни во две различни земји, Асад се чини дека оди во истата насока и дека, по терористите на “Исламската држава”, Хајат Тахрир Ал-Шам ќе биде уништен како Џама ал-Исламија во Алжир, а на остатокот од групите им се нуди да пристапат кон националното помирување, како што направи ФИС, а војната конечно да заврши.
ФОТОГАЛЕРИЈА – Средба на Путин и Асад во Сочи
Assadova posjeta Putinu
Асад го посети Путин
Assadova posjeta PutinuАсад го посети Путин
Assadova posjeta PutinuАсад го посети Путин
Assadova posjeta PutinuАсад го посети Путин
Assad i Putin - sastanakАсад и Путин – состанок
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=bmy2o1KzivA[/embedyt]
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=FYeYARxQbiw[/embedyt]
 
ФОТО – Моменталната ситуација во Сирија во воена смисла неспорно оди во прилог на владата во Дамаск
карта сирија
Извор:Logicno

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here