Најсуспешен облик на манипулација е користењето на политичките ботови кои шират идеолошка пропаганда и лажни вести по социјалните мрежи. Бот представува скратен назив за робот, во значење на кумпјутерски програм кој се извршува самостојно, односно вклучува вештачката интелигенција. Станува збор за софтверски агенти кои се интегрираат со мрежните сервиси наменети за луѓето како и тие самите да се луѓе. Со други зборови, можете да добиете порака од ботови на сервисите за чатање или при моменталната размена на известувања, при што добивате пишувани и вербални одговори на многу ваши прашања: временска прогноза, за спортските резултати, за поштенските или телефонски броеви, за текот на валутите, за возниот ред, или редовите на летање, за понудени производи и услиги на одреден вид, успоредување на цена и услови на продажба, на најмување или испорака, пронаоѓаат оптимални комбинации на производ/или услуга, колку за пример, во индустријата за патување и во туризмот итд..
Политичките ботови програмирани се за агресивно ширење на странските политички пораки кои пружаат илузија, демек некои политички опации, како оние радикалните или есктремните имаат голема подршка од јавноста. Сё повеќе се шири и ова тактика која се обидува да го обликува јавното мислење и создаде лажно политичко чувство.
Многумина сметаат дека неочекуваната победа на Доналд Трамп поврзана е за најмалку 4 милиони твитови кои поставиле повеќе од 400 илјади ботови на социјалните мрежи. А која е најголемата предност на тие ботови? Корисниците едноставно не знаат да препознаат дали некој твит го направила една особа или бот. Во стварност,тешеко дека ќе се замислат дека представува ботови, ама понатамошното делење на пораките шират гласини, теории, заговори и дезинформации.
Овие облици на пропаганда искористуваар секоја платформа на социјалните мрежи, користејќи ја отвореноста на тие платформи за широк распон на меѓународните актери кои ќе користат информзации за напредување на своите политички планови, со цел имплементација на тие планови во својата земја или друга држава. Многу се ефикасни кај гласачите од опозициските групации, ширејќи апатичност меѓу нив. Таквите обвиненија не се неосновани бидејќи ги дознале тактиките на Демократската и Републиканската партија во САД после проблемите со сајбер безбедноста на Хилари Клинтон. Со тоа не дојдоа само до податоците за тактиките на самата кандидатка, туку и за ботови со кои се користела со што би ја загрозила можноста на своите противкандидати.Про-Трамповите ботови редовно биле инфилтрирани во онлајн просторот кој го користеле про-Клинтоновите подржувачи и генерирале автоматска содржина за дури една четврина од сообраќајот на Твитер поврзан за изборите во 2016.
Ботовите исто така одговорни се за популаризирање на разни лаеакови, а посебно на оној на Макрон само на неколку денови пред француските претседателски избори. Противниците на Макрон создале ботови кои го преплавиле Фејсбук и Твитер со информации за лажирани извештаи, и сетот тоа како би се создало мислење за Еманул Макрон како лажливец и хипократ. Изгледа дека ваквите тактики постанаа вообичаени, посебно бидејќи ботовите се обидуваат да ги користат моменталните теми и расправи со кои се полнат социјалните мрежи, како тоа да се пораки кои ги испраќаат вистински луѓе.
Не се создаваат само онлајн расправи, туку тие имаат за цел да напаѓаат и манипулираат одредени гласачи.
Кембриџ Аналитика (Cambridge Analytica) во текот на американските претседателски избори спровела опсежно истражување со кое е докажано дека пропагандните пораки во предизборната кампања, како цели избирале гласачите на инндивидуална психологија! Тоа сигурно е врв на манипулацијата и способноста на вештачката интелигенција бидејќи морала да се развие високософистицирана технологија која има способност за микроцелни операции темелено на големи количини на податоци и вештачка интелигенција која може да научи како да влијае на човечките чувства.
Таа технологија само по себе не е проблем, туку потешкотијата е покриена со природата на нејзиното користење и пораките кои се создаваат на начин за цел да ги имаат психолошките слабости на поединците. Според ова истражување, докажано е дека различити гласачи добовале различни пораки, втемлени на проценката на нивната пристапност на различните тврдења и показатаели. Колку за пример, параноичните гласачи добивале пораки кои ги потикнувале нивните стравови; конзервативните гласачи добивале пораки втемелени на почитувањето на традицијата и заедницата, итд.
Микроцелоте се овозможени заради јавно достапните податоци за гласачите. Никој јавно не ги открил, освен самите гласачи, со неодогворното и неправилно користење на социјалните мрежи. Мнозинството на корисници на социјалните мрежи, јасно ги даваат особините на својот стил на живот, причини за нивните купувања и социјалните односи. Секој клик генерира сигнал кој може да се придодаде на голема количина на податоци на основа кои се создава единствен психолошки и бихевиоален профил. Посебно тоа можело да се користи кај предизборните кандидати со флексибилни пораки како што е Доналд Трамп.
Секоја негова порака можела да се искористи за создавање на различни нагласоци за различни поединци, најмногу втемелени на емотивни преокрети.
Целокупниот заклучок на ваквиот тренд е сите сме исклучително изманипулирани. Пресдтавничката деморатија, во начело, бара слободни и поштени избори во кои граѓаните можат да гласаат на основа својата совест и слободни од манипулација. Вештачката интелигенција и нејзината технологија тоа го загрозуваат, бидејќи веќе рутински манипулираат со гласачите и промовираат екстремизам. Се разбира, истиот алгоритамски алат со кој се заведува, лажира, манипулира и збунува може да се користи како потпора на демократијата и зголеменото граѓанско учество. Меѓутоа за тоа е потребен морален пристап кон вештачката интелигенција. Еден облик е програмирање на ботови кои шират информации за лажни ботови. Она што можеме со сигурност да тврдиме е дека вештачката интелигенција дошла во политичкиот процес з да остане тука. Едноставно ставена на услуга на политичарите и нивните кампањи, како и сајбер војувањето на сосема друг степен.









