Последните настани во Сирија покажуваат дека САД работаат на организирање на сириските курдски воени формации на северот на Сирија со што на овој начин би создале услови за постигнување на независност на овој дел од земјата, а тоа со значење на отворено непријателство на САД со нивниот регионален сојузник-Република Турција.
Не смееме да ги запоставиме фактите дека во текот на последните неколку години дошло до драстично слабеење на односите помеѓу Анкара и Вашингтон. Интересно е и тоа што американската администрација не се поставува директно против Турција и нејзините интереси, туку за тоа ги користи курдските паравоени формации на северот на Сирија чии припадници константно ги вооружува и обучува, против турските интереси во регионот. Накратко кажано, САД веќе некое време работи на формирање на воена формација која ќе дејствува против Турција и нејзините интереси во регионот. Северот на Сирија, оној дел кој се граничи со Турција а кој не е во рацете на терористите на Фронтот ал Нусра или сириските бунтовнички формации, практички е препуштен во рацете и контролата на курдските воени формации, било да се зборува за Курдските обединети сили (ПЈД) или припадниците на Курдската работничка партија (ПКК). Нивните припадници веќе некое време добиваат американска помош, обука и најново вооружување додека Турција неброени пати соопштила дека припадниците на овие две паравоени структури на курдското население – значи ПКК и ПЈД представуваат терористички организации и дека дејствуваат против Турција и нејзините национални интереси.
Американската помош на овие групации имала и голем број на реакции и негодувања од страна на турскиот државен врв.
Градот Идлиб на северот на Сирија исклучително е важен стратешки град за Турција. Состојбата на теренот покажува дека САД работаат на проектот да овој град биде ослободен од страна на курдските паравоени формации ПЈД и ПКК со што на тој начин би формирале еден коридор за Курдите на северот на Сирија, односно создаде услови за формирање на независна курдска територија во Сирија.
Американците не сакаат директно да го покажат своето непријателство спрема Турција, ама тоа непријателство јасно и отворено го покажуваат преку организирање, обучување и наоружување на сириските курдски групации, додека од друга страна како потврда на тоа, представник на Пентагон отворено соопшрил дека на курдските сили ПЈД и ПКК имаат намера на располагање да им достават современо вооружување и артилерија.
Важен факт е дека оружјето кое Американците на располагање му го ставаат на припадниците на курдските воени формации на северот на Сирија. Во стварност ПЈД е во сопственост на Курдската работничка партија на северот на Ирак и југот на Турција, што е општо познато, ама американската администрација и понатаму ги вооружува двете курдски паравоени формации на северот на Сирија.
Во последниот потег, американската администрација на силите на ПЈД и ПКК им испратила 1.250 воени камиони со оружје.
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати ги предупредил САД на фактот дека оружјето кое го испраќаат на припадниците на ПЈД пристигнува во рацете на терористите на ПКК, додека од друга страна американските представници во своите реакции давале гаранции дека тоа оружје нема да стигне во рацете на ПКК. Американците отишле и чекор понапред во своите ветувања и рекле дека сето тоа оружје кое го ставиле на располагање на припадниците на ПЈД на крајот од вооружениот судир ќе биде одземено, меѓутоа сето тоа постана јасно дека не испочитуваа ниту едно од дадените ветувања.
Последните настани на ратиштата покажуваат дека припадниците на курдските демократски сили ПЈД на северот на Сирија, со американска подршка и обука се подготвуваат за офанзива на позициите на припадниците на Фронтот ал Нусра, ИСИЛ ама и врз позициите на вооружените бунтовнички групации во Џераблус,Елбаб и Азаз, со што на овој начин би ги споиле своите кантони на северот на Сирија и така што со формирање на една курдска влада на северот на Сирија би довеле до физичко одвојување на Турција и Сирија.
Кризата во Турција не се однесува само на северот на Сирија, бидејќи претседателот на автономниот регион Курдистан во Ирак Месуд Барзани за 25.септември најавил одржување на референдум за независност и тата подготвил услови за одвојување на овој дел од Ирачкото тло од централната власт во Багдад. На овој начин, ирачките Курди со подршка на САД, европските земји и ционистичкиот режим оформиле независна курдска држава на северот на Ирак – влада која пред да биде на располагање на ирачкиот курдски народ во стварност ќе биде играчка во рацете на израелскиот режим, односно би била копија на Израел во регионот.









