Кина се подготвува за трговска војна со САД, и потпишува стратешки проекти со Саудиска Арабија

by Administrator

Кина и Саудиска Арабија планираат да осниваат заеднички инвестициски фонд од 20 милијарди долари, изјавил вчера саудискиот министер за енергетика, а истиот ќе опфати 11 деловни договори вредни 20 милијарди долари.

Кинеското Министерство за трговија известило во четвртокот дека ќе ги искористи сите неопходни мерки за заштита на интересите на земјата и нејзините компании поврзани со истрагите на американската админситрација во врска трговските односи помеѓу двете држави, за кои САД тврди дека се заштитени по американските интереси.

Во понеделникот исто така Министерството изразило “големо незадоволство“ откако после почетокот на маериканската истрага против кинеската влада, која Вашингтон ја сомничи за кршење на законот од сферата на заштита на интелектуалната сопственост, како и дискриминација и ограничување спрема американските стоки.

Таа истрага представува прв конкретен чекор на претседателот Доналд Трамп, насочен непосредно против кинеската трговска пракса, која како што тврди Белата куќа и одредени американски бизнис-кругови, и штети на американското производство.

Ние ќе ги превземеме сите неопходни мерки за одлучна заштита на интересите на Кина и кинеските компании“, истакнал пред новинарите портпаролот на тамошното министерство за трговија, додавајќи, дека кинеската потпора на странските инвестиции вои локалните компании нема да се промени, меѓутоа, надзорот над договорите и работењето ќе се зајакне. Приоритет ќе се дава на проектите поврзани за конеската економска иницијатива “Еден појас-еден пат“.

Кинеската влада утврдила посебни начела за управување со странски инвестиции: владата има намера да го зајакне инвестирањето во поедини сектори, складно со намалување на вложувањето во други сфери кои ќе се ограничат или целосно стопираат.

Потпишувањето на догоори со кинеските компании во државите вклучени во економскиот проект “Еден појас-еден пат“ расте со забрзана динамика, независно од настојувањето на кинеската влада за ограничувањето на изнесување на капитал надвор од земјата.

Кинеските банки убризгаваат нови милијарди долари во проектот “Еден појас-еден пат“.

Овие денови водечките кинески банки донеле заедничка одлука за уште поголеми вложувања на средства во финансирање  на кинескиот стратешки стопански проект “Еден појас-еден пат“.

Извори од државната China Construction Bank Corp (CCB), друга по големина кинеска банка спрема активите, јавува дека ова банка има намера во фондот на споменатиот државен мега-проект од меѓународна важност да привлече уште 15 милијарди долари ( 100 милијарди јуани), при што ЦЦБ активно учествува и привлекува инвеститори.

“Кинеската банка“ (BOC), планира во истиот фонд да привлече околу 20 милијарди долари. Паричните средства на банката добиени од фондот со директни инвестиции или други инвестициски платформи, според зборовите на изворот, и тие представуваат дел од опсежните намери кои ги подржува централната Кинеска банка, за искористување на внатрешниот кинески капитал во инвестициите во странство, уклучно и во внатрешноста на проектот “ Еден појас-еден пат“.

Останатите две кинески мега – банки од системот на “ големата четворка“ – “Кинеската индустриска-трговска банка“ и “Кинеската земјоделска банка“ – разгледуваат идентични планови за привлекување на средства.

Потетуваме, уште во мај кинескиот претседател Кси Џинпинг ветил дека ќе го зголеми финансирањето за 124 милијарди долари, со што би се реализирале плановите околу изградбата на “Нов пат на свилата“, кој би ја соединил Кина со старите и нови економски партнери.

Кинеско-саудиско стратешко партнерство

А колку, во стварност светот забрзано се менува пред нашите очи и како многу земји, кои се чувствуваат доволно силни, не сакаат да застанат на страна или да зависат исклучиво од хировите на западните финансиски иснтитуции и кругови кои управуваат со нив, сведочи и вчерашната вест која ја објави британскиот Ројтерс.

Кина и Саудиска Арабија планираат да осниваат заеднички ивестициски фонд од 20 милијарди долари, ги пренесе Ројтерс зборовите на саудискиот министер за енергетика Халид ал-Фалих од одржаната стопанска конференција на високите државни представници и големи компании на Кина и Саудиска Арабија. Сите обврски како и профитот од тој фонд, двете страни ќе го делат равноправно, во сооднос 50:50. Исто така, двете земји планираат да склучат 11 деловни договори вредни 20-тина милијарди долари, ама не е откриено за кои договори станува збор.

Ова во потполност коинцидира со ставовите и анализите на сајтот Геополитика кој уште на почетокот на ова година пишуваше за кинеската експанзија на Блискиот исток и Африка, како и за диверсификацијата на политичките и економски интереси на Саудиска Арабија, независно од нејзината “ренесанса“ на односите со САД и администрацијата на на претседателот Донал Трамп, најизразено видливо низ склучувањето на фамозните договори за увоз на американско оружје во износ од 109,7 милијарди долари.

Итрите Арапи, независно од постигнатата равнотежа на интереси со САД по прашањето на блискоисточниот регион ( иако тоа  е многу двојбено), насоката на својот бизнис ја свртуваат спрема Истокот и Азија, каде и остваруваат најголем профит од извозот на својата нафта. Освен извозот на нафта, Саудијците сакаат да ги прошират и своите инвестиции на Далечниот исток, пред сё во Кина, за што во мај ова година во Пекинг, во време на помпезната посета на саудискиот крал Салман, разговарале владини представници и голема делегација со представници на бизнисот на двете земји. Во таа пригода потпишани 14 договори за 35 проекти вредни 65 милијарди долари! Станува збор не само за енергетски проекти, туку и за оние од сферата на инвестициите, научно-техничката соработка, инфраструктурите, вселенските прокети и тд.

Заради тоа, и од ова перспектива ќе биде интересно да се посматра можната американско-кинеска трговска бојна, која за да нема забуна, сеуште не започнала иако за неа пополека се трасира патот. А ризикот за нејзиното покренување е голем. Таа според проценката на речиси сите светски релевантни аналитичари, од темел би ја потресло глобалната економија и вкупните меѓународни економски и финансиски односи, со несогледливи политички, социјални, безбедносни и секакви други последици. Освен тоа, трговската војна, како нё учи низ историјата, представува само чекор до покренување на онаа класичната војна. А бидејќи во овој случај станува збор за нуклеарни сили – било каков дополнителен коментар е одповеќе.

Извор:Geopolitika

 

You may also like

Leave a Comment