Во текот на изминатите две децении Катар беше единствен голем енергетски центар на природен гас во регионот на Блискиот исток додека само руската компанија Газпром била во состојба да му парира на Катар во извозот на ЛНГ гас.
На основа официјалните извештаи, како се наведува во медиумите, главна и единствцена причина на кризата помеѓу арапските монархии на нПерсискиот залив која оставила трага на економските и дипломатските ама и другите врски помеѓу санкционираниот Катар и земјите кои му наметнаа блокада, во стварност е големиот буџет кој наводно Катар го издвојува за подршка на терористичките организации.
Во стварност, овие две теми постанаа главни постпалки во надворешната политика на Кралството Саудиска Арабија спрема Катар, заради што постана јасно непријателството на Ријад спрема Доха,ама сите овие промени треба да се бараат во некои други причини. Една е во последната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад кога е барано интензивирање на борбата против финансирањето на тероризмот, а другата се однесува на пишувањето на Фајненшел Тајмс кој објавил дека Катар исплатил милијарда долари на ирански генијалци и групата Ал Каеда. Овие две теми биле решавачки во одредувањето на надворешната политика на КСА спрема Катар и тоа постана јасно во калењето на бесот спрема самоволниот богат сосед кој во последните години покажал зајакнување на идеологијата на приближување кон шиитите и Русија.

Во секој случај, основни и отворени причини во некои настани во регионалните и меѓународни настани, како што тоа го покажа историското искуство, представуваат само мал дел од причините за настанување на тие проблеми или несогласувања, а за сетот тоа се наоѓаат некои други скриени тензии. Можеби во овој случај причина за тензиите би можеле да бидат многу едноставни отколку што тоа изгледа, а тоа е долгорочно и самостално овладување со богатите ресурси на природен гас во регионот од страна на Доха. Многумина тврдат дека причина за долгогодишното траење на воените страдања во Сирија, а тоа истражување е засновано на докази кои можеле да се забележат до крајот на 2012 година, токму е спречувањето на изградба на гасовод преку сириската територија до Турција. Од друга страна Катар посебно е заинтересиран за изградба на овој гасовод кој неговите ресурси на природен гас преку Сирија и Турција би ги споил со големите европски потрошувачи.
Иако во тој случај би дошол во опасност руското енергетско влијание во европските земји, посебно неговиот проект за транспорт на ЛНГ гас, официјален Кремљ не бил решителен во подршката на сириските власти и претседателот Башар ал Асад не сакајќи да на негово место дојде било каква наметната прокси-влада.
Во овој момент можно е да се анализира прашањето на изолација на КСА од страна на Катар апо пат на катарскиот природен гас. Причините се многубројни а кои одат во прилог на тоа дека природниот гас е една од основните причини за несогласувањата и судирот помеѓу арапските монархии на Персискиот залив.
Овие проблеми започнале во 1995 година кога малото пустинско полуостровче по име Катар представил како најголем извозник на течен гас ЛНГ на светот, а сё благодарение на ннаоѓалиштата на природен гас кои се наоѓаат во водените длабочини на Персискиот залив кое беше заедничко со Исламската Република Иран, а кој за Саудиска Арабија представува за главен опонент и непријател. Катар со продажбата на природен гас би можел да му парира на приходите на Кралството Саудиска Арабија и нејзините петро-долари. По овој пат Катар се претвори во земја со најголем годишен приход по глава на жител во светот со висина од 130 илјади долари. Катар се концентрирал во експлоатација на природен гас и така се претвори во најголем извозник во рамките на земјите чкенки на Советот за соработка на Персискиот залив, а тоа ова земја ја изземало од групата на држави кои се под директно влијание на КСА. Со други зборови, Катар се претвори во најголем извозник на овој природен енергент во регионот и светот и единствено руската компанија Газпром би била во состојба да му парира на катарскиот природен и ЛНГ гас.
После неколку годишни на тајни студии во светот на Катар му станало јасно дека Руската федерација нема под овие услови да дозволи да Катар преку сириското тло својот природен гас извезува во европските земји, па од тука официјална Доха се свртила кон создавање на блиски односи со Москва. Независна финансиска фондација на Катар и покрај тоа што на катарското тло се наоѓа една од најголемите американски воени база донела одлука да финансира еден голем енергетски проект на руската компанија Росњефт во висина од 2,7 милијарди долари. Покрај тоа, КСА сето тоа го посматрала со големо внимание и откако е познато дека Катар веќе започнал идеолошки да му се приближува на Иран, прозападниот блок се уплашил дека Катар би можел да се сврсти во групата на земји кои ја подржуваат оската Русија-Иран-Сирија.
Брзиот национален, економски и финансиски развој ан Катар ги уплашил неговите соседи , поточно арапските монархии на Персискиот залив. Многумина до тогаш сметале дека Катар представува една од саудиските провинции,ама со нешто поголема стекната автономија, меѓутоа со овој случај на природниот гас и големата заработка од неговата продажба Катар станал се повеќе независен во односот на влијанието на саудиската монархија. Освен тоа, експлоатацијата и продажбата на природниот гас на Ктар го доведоа до тоа Доха да биде ослободена од влијанието на КСА и ОПЕК, така да Катар сега е навистина самостојна и независна економска и енергетска земја која не прифатила било каква политика на закана од страна на Ријад.
Како што опишал Блумберг- со доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Саудиска Арабија (КСА) во услови кога Вашингтон заговара наметнување на изолација на Иран, Катар ја барал можноста за оддалечување од саудиското влијание и нејзината политика. Меѓутоа смешно и иронично е тоа дека арапските монархии ги прекинуваат дипломатските односи со Катар под изговор за негова наводна подршка на тероризмот додека САД потпишуваат директни воени договори вредни стотина милијарди долари со КСА.










