Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз спроведе уште една темелна реформа, овој пат кога станува збор за идниот престолонаследник на чело на арапското кралство. Имено, новиот арапски престолоналседник е Мохаммед бин Салман, син на актуелниот монархр на Саудиска Арабија. Долгогодишен дописник на СНН од блискиот исток вели дека тоа е значително брза консолидација на моќта отколку што се очекувало.

Mlad, ambiciozan i opasan: Ko je čovjek koji će preuzeti vodstvo nad jednom od najmoćnih država svijeta

Најмлад министер за одбрана на светот

“Сојузниците и соработниците сега сметаат дека имаат јасни индиции кој денес е главен во кралството, ама и кој потенцијално со децении ќе управува со Саудиска Арабија“, изјавил Џон Дефтериос. Со само 29 години, Мохаммед бин Салман стана најмладиот министер за одбрана на светот, а во меѓувреме со својата земја учествува во војната во Јемен, против шиитските фракции. Принцот Мохаммед уште како тинејџер започнал да тргува со акции и имот.

За разлика од своите постари полубраќа, МБС ( како што го нарекуваат) не се школувал во странство, туку одлучил да остане во Ријад каде своето образование како дипломиран правник го завршилна факултетот Кинг Сауди. Колегите го сметале за сериозен млад маж, кој не пушел, не пиел алкохол и не лумпувал..

salman-i-trump

Во 2011 година, неговиот татко стана заменик на престолонаследникот, и од тука го озбезбедил Министерсттвото за одбрана со огромен буџет и договори за набавна на оружје. МБС, како приватен советник, кралскотио двор го водел со решителна рака откако неговиот татко бил именуван за принц 2012 година.

Принцот Мохаммед секогаш бил покрај својот татко, кој не дозволувал својот миленик да го испушти од вид додека тој се искачувал на скалата на хиерархијата. Во внатрешноста на саудиската религиска и бизнис елита станало непишано правило дека до таткото може да се дојде единствено преку синот. Критичарите тврдат дека имал многу среќа, иако моќ-та,  а нё парите е она што младиот принц го тера нанапред.

Кога неговиот татко Салман го наследи престолот во јануари 2015 година, веќе во голема мера се потпирал на синот, 79-годишниот крал наводно боледува од деменција и може да се концентрира на било што само неколку часа дневно.

Part-NIC-Nic6432642-1-1-0

Зради тоа, МБС и во стварност управува со кралството. А неговата моќ драстично се зголеми во првите неколку месеци од владеењето на Салман. Принцот Мухаммед поставен е на местото министер за одбрана, на чело на Арамко- национална електростопанска компанија, стана шеф на новото моќно државно тело – Советот за економија и развојни активности – кое ги надгледува сите министри, и управува со јавните фондови.
Популарен меѓу младите

МБС бил заменик на престолонаследникот, ама обезбедил надмоќ над својот ривал Мохаммед бин Најеф – кој бил главен престолоналседник и министер за внатрешни работи. Со оглед на тоа што нема нерви за бирократија, МБС за кратко оставил голема трага барајќи од министрите секој месец да доставуваат податоци за својата успешност, што досега било непознато за ваков економски систем. Неговото изненадно, и нејавено посетување на министерствата, при што бара увид во книговодството, станаа легендарни, и од тука младите Саудијци започнаа грижливо да работаат.

“Тој е исклучително популарен кај младите. Работи напорно, планира економски реформи и отворен е спрема нив. Тој ги разбира младите, изјавил еден бизнисмен. А мислењето на малдите итекако е важно, бидејќи 70% од населението се помлади од 30 години, а високата невработеност се проценува помеѓу 20 и 25%

Меѓутоа заради истиот елан со кој се нафрли кон економските реформи, истовремено Саудиска Арабија ја поведе и во војна во грашанската војна во Јемен. Лансирал воздушна кампања против бунтовништиите сили на шиитската милиција (хутите) кои од земјата го протераа претседателот Абд Рабух Мансур Хади.

Децениите на саудиската внимателност врлени се во ветар, кога МБС одлучил ова земја да ја поведе во опарацијата “ Одлучувачко невреме“. Во ова кација успешно ги предводи саудиските сили во борбите против шиитските бунтовници кои предизвикувале хаос на територијата на Јемен, иако секојдневните борби сепак за него и неговите сили не биле лесни и едноставни. Се разбира, сетоа ова доколку се земе и фактот дека шиитските бунтовнички групации ги подржува Иран, голем непријател на Саудиска Арабија, а тоа само дополнително акцијата ја прави многу попривлечна.

Саудиската војска има доста многу ново вооружување, а МБС посакувал да им покаже и на своите приврзаници и непријатели колку вреди. Неговиот план е да донесе победа, како би го потврдил статусот на воен лидер и смести на истото на скалата на која се наоѓа и неговиот познат дедо – Ибн Сауд, голем воин и оснивач на модерна Саудиска Арабија. Меѓутоа од друга страна МБС го игнорирал фактот дека Хутите биле добра заштита од реална закана, Ал Каеда на арапскиот полуостров. А сето, тоа дополнително ја закомплицира ситуацијата во Јемен, а борбите и понатаму траат.

salman-putin
Така ова војна не беше брзо и однапред добиена во планираниот период, видејќи таа сеуште трае со години. Во интензивните воздушни напади најмногу страдаат инфраструктурите на земјата, каде шиитските бунтовници се кријат и користат како свои база , инаку Хутите и понатаму го контролираат главниот град и поголемиот дел на северот на змејата.

Саудиска Арабија, и понатаму, иако е можеби најважен сојузник на Западот на Блискиот исток, на моменти и гранично го критикува американскиот претседател. А повремено одржува и контакти со Кремљ, особено кога ќе бидат погодени од одредени напади и неодговорности од страна на Вашингтон.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here