(Фото) ЧЕСТИТ ПРАЗНИК: Емиратите го празнуваат 45-от Национален ден

0
196

Емиратите и сите жители, како и сите странски жители кои работаат и предстојуваат во оваа Заливска земја, денес  ја одбележуваат 45-та година од своето обединување, односно формирањетоето на Обединетите Арапски Емирати (2.декември 1971 година).

Ова е е од најголемите празници на ОАЕ, кој се прославува секоја година на 2.декември.

Како секоја година така и оваа година, Националниот ден, односно неговоро прославување секогаш е поразлично од претходното, се разбира поубаво, поорганизирано, и посвечено.

На тој ден Емиратите живеат во црвената,белата,црната и зелената боја, бои кои го претставуваат знамето на ОАЕ и симболот на нивното постоење и обединување.

Низ целата земја зградите се осветлени со црвена,бела,црна и зелена боја,. Едноставно се прославува во чест на заедништвото на сите останати емирати, кои ја сочинуваат една целина.

За Емиратите ова е празник, кој не може да се опише, односно треба да се почувствува, за да се дознаее колку жителите на оваа дфржава ја сакаат и почитуваат својата земја.

Владата самоувоерено напредува во обезбедување на индикатори  за Националната агенда која за ОАЕ ќе ја обезбеди Визијат 2021, која има за цел да се развија и да се подобрат условите во областа на правдата, безбедноста, економијата, животната средина, животниот стандард, образованието, здравството, инфраструктурата и многу други работи и активности, преку кои секогаш Емиратите излегуваат пред другите земји, изјавил во соопштението по повод овој празник неговото Височество Шеик Халифа бин Зајед ал Нахјан,

Владетелите низ целата територија на своите ОАЕ, на жителите им посакаа се најдобро во иднина, благосостојба и уште многу празници како овој денешниот, односно 45 години од своето постоње односно формирањето на Унијата.

Одбележување се врши на многубројни и различни начини, зградата на Националната нафтена компанија, на пример, беше светло украсени со знамиња, бројот “45”, како и слики на претседателот, неговото височество шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан; Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи; и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследникот на Абу Даби и заменик врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати.

Голем број на домови, продавници, автомобили пренатрупани се со сувенири, знамиња, шалови и друг вид на сувенири и украси со кои се прославува Националниот празник. Се организираат различни видови на анстани, како музички, така и културни.

Карактеристични се голем број на попусти во поголемите шопинг центри кои во текот на празникот се движат од 30% до 90% се организираат на посети на културно историски споменици, и друг вид на голем број места преку кои Емиратите ја истакнуваат својата.

Едноставно, не постојат зборови, или пак текст што може да го опише овој празник, потребно е само за момент да сте тука и почувствувате она што Емиратите и нивните раководни лица, го подготвуваат за своите жители.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ОАЕ И ЗА МНОГУ ГОДИНИ !!                                                                                            Dubai Portal.

 

Image result for UAE NATIONAL DAY 2016 PHOTO

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here