
Поранешниот МВО на Киргистан Муратбек Иманаљев ја изразил идејата за создавање на Централноазиска конференција, која би се потпирала на блиските верски и културни врски на централна Азија и Блискиот исток и како таква би ја презела улогата на посредник во решавањето на регионалните судири.
Богданов истакнал дека прашање на одвојување на терористите, пред сё Džabhat al-Nusrа од умерената опозиција, расправано со месеци, уште од августот. ’ На состаноците на сите нивоа ова прашање е претресено, и на ниво на нашите претседатели Путин и обама, и на сите останати состаноци со представниците на Стејт Департментот, ЦИА и Пентагон. Ова прашање размотрено е уште во август со Џон Брена, директорот на ЦИА во текот на неговата посета на Москва. Тој тогаш на нашето раководство изјавил дека САД ќе направат сё што е можно да дојде до одвојување на опозицијата од терористите’, изјавил заменикот на руското МВП.
Како пренела агенцијата ТАСС, Богданов така одговорил на прашањето на политикологот Пјотр Дуткевич, за тоа дали е точна информацијата дека на средбата на Путин и Обама на маргините на самитот Г-20 во Кина, американскиот претседател ветил дека ќе обезбеди разграничување за седум денови, како и тоа дека доколку тоа не се случи, тогаш Москва има одврзани раце (carte blanche) за онбова на воените дејствија во Алепо и околу него.
“Како разбравме, а за тоа зборуваа и нашите американски колеги, имаше различни гледишта на меѓу американските агенции, ама во крајност, постои претседател кој мора да ги обедини и изрази службена, конечна позиција на САД’, објаснил Богданов и додал: ’Прашањето кого да се бомбардира, секогаш беше предметно. Нашето раководство, не еднаш туку во поваќе наврати на навинарите им зборуваше во различити аудиториуми за тоа дека година дена откако Американците започнаа со своите дејствувања во Сирија, без согласност на тамошната влада и без одлука на Советот за безбедност на ОН, нашата војска започнаа да ја обвинуваат дека ја бомбардира умерената опозиција, а не терористите’.
Во текот на дебатата истакнато е дека економските конфронтации, како и историските разлики помеѓу сунитите и шиитите ситуацијата ја направија до таа мера закомплицирана, така да нё е можно да се дојде до брзо решавање на регионалните судири. Ако на тоа му се додаде и тоа дека во регионот перманентно тлее арапско-израелскиот судир, како и граѓанската војна во Јемен, не било тешко да се заклучи дека Блискиот исток навистина започна да претставува Буре барут чија експлозија може да го запали светот.
Американскиот политички аналитичар и поранешен владин функционер Клифор Купчан отценил дека неможноста од координација во дејствувањето на најголемите играчи, значи Русија и САД, довело до влошување на судирите и предизвикување на уште поголема хуманитарна катастрофа.
Од Америка, со малку повеќе по истата тема се отчитал претседателскиот кандидат Доналд Трамп, изјавувајќи дека евентуалниот избор на Хилари Клинтон за претседател на САД и нејзиниот план за Сирија, дополнително би ја влошило ситуацијата, односно би дошло до директен судир со Русија, и ако што изјавил да доведе до ’ Трета светска војна’.
Извори: russian.rt.com | | ru.valdaiclub.com | | classic.newsru.com