Wallpaper Flag of UAE Dubai Emirate (3)

Државниот министер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Рим ел-Хашими, соопшти дека во рок од 5 години, ОАЕ ќе примат 15 илјади сириски бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите од официјалната новинска агенција на ОАЕ, Хашими – кој се наоѓа во САД, на состаноците на Генералното собрание на ОН – во својот говор на Самитот за бегалци на ОН изјавил дека бројот на бегалците низ светот е на рекордно ниво.

Хашими рече дека проблемот со бегалците не е само сконцентриран на Блискиот Исток, туку тој зазема глобални размери, и потенцира дека сите држави мора да се соединат и заедно да работат во изнаоѓањето на решение.

Тој изјави дека ОАЕ во следните 5 години ќе прифатат 15 илјади сиријски бегалци, и забележа дека пред да почне внатрешната војна во Сирија, 115 илјади Сиријци почнале да работат во ОАЕ, додека во понатамошниот период, 123 илјади се населиле и продолжиле да живеат и да работат таму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here