Муслиманите ширум светот го обележуваат еден од најголемите исламски празници – Курбан бајрам
Бајрам се обележува на различни начини ширум светот.
Во денес познатиот Дубаи, Бајрам го прославуваат заедно и муслиманите и немуслиманите, а тоа е она заради кое Дубаи се гордее што ја негува религиската слобода и различностите, пишува Mvslim.com.
Бајрам во Дубаи се обележува на неколку начини: со огномет, купување со намалени и фабрички цени, се разбира тука може да се почувствува и културата на Блискиот исток и да се ужива во бројните автентични арапски јадења (специјалитети).
За Бајрам многумина доаѓаат да се одмараат и уживаат покрај прекрасни фонтани, или пак на рацете да прават тетоважи од к`на.
Луѓето се дружат на улиците и сё делува волшебно.
Погледнете го ексклузивното видео кое успеавме да го одбереме и прикажеме дел од про:лавувањето на Курбан Бајрам во Дубаи:












