
“Писмо од Другарот Тито“ кое ќе ве натера да рамислете.
“Се разбира во прашање е имагинарно писмо, во кое авторот замислува што денес Тито би ни кажал и како би го објаснил сето она што што некогаш сме го имале, а денес немаме, сё она што било добро, а денес е лошо…“Писмото“ ви го пренесуваме во целост.
“Драги мои Југословени, слушам дека ме мразите.
И тоа од дно на душата. Ме разите и ми псуете сё по список. Велите дека сум бил диктатор, дека сум ја гушел слободата, дека недолжни сум праќал во затвор, дека сум наредувал многубројни убиства.
Да, додека јас бев на чело на ФНРЈ и СФРЈ ве задолжив и вас и вашите деца, вашите правнуци. Дека бев против слободата и исповедување на верата. Дека сум направил друштво на привилигирани, и дека народот беше желен за сё.
Е па мрзете ме, се надевам дека же ме мрзите од ден во ден и сё повеќе.
Ќе заборавите дека станав претседател на држава која сеуште беше во феидално доба, кога речиси и немаше фабрики, кога процентот на неписменост беше многу висок, дека болестите кои речиси до скоро беа искоренети во Европа и понатаму хараа по цел Балкан.
Ќе заборавите, или веќе сте заборавиле колку километри на пруга и патишта беше направено додека бев “диктатор“. Колку болници беа изградени, училишта и универзитети.
Колку само фабрики направивме, каква воена индустрија изградивме. Колку работнички одморалишта имавте, првенствено на море ама и на копно.
Вашите деца имаа добро училишта, вашиот пасош беше ценет и не ви требаа визи.
Да, признавам, бев диктатор. Не дозволим Русите и Американците да ни се серат по главите. Точно е бев диктатор, не сакав да слишнам дека некој може да биде гладен.
Наредував, и пак би наредувал, секој работник да добие стан од својата фирма. Наредував, и пак би наредувал секоја работничка фамилија да има право на годишен одмор на море.
Признава, ја мразев заостанатоста и го користев својот диктаторски авторитет дека секое дете мора да оди во основно училиште, а ако сака може и во средно и на бесплатен факултет. Лекувањето на ВМА во Љубљана, Загреб, Белград беше достапно до сите и на сите бесплатно.
Ме мразевте што апсев и што испраќав на Голи оток. Ќе ме мрзите уште повеќе ако ви кажам дека истото пак би го правел само да обезбедам мирен сон на секое дете во својата диктатура.
А во тоа и успеав.
Кој си ја работеше својата работа, не одеше на Голи оток. Кој правеше глупости, оној кој ровареше против развојот на основите на државата, оној кој ковал планови за воспоставување советска република, или некоја американско квази-демократија, тој имаше и добиваше бесплатна карта за Голи оток.
Ме мрзите што наредив убивање на квислинзите и предавиците во 1945-та. А што требаше? Да ги амнестирам, а тие колеа недолжен народ речиси четири години. Велите дека сум наредувал убиства на некои свештеници, оџи и попови?
А, не ви падна на памет дека во живот останаа повеќе од 99%, односно дека наредив ( и пак би наредил), да ги ликвидираат само оние кои благословуваа луѓе кои колеа.
Заборавите дека не забранив да се градат и цркви и џамии.
’ Ах, ах’, Тито бил диктатор, тој не дозволил развој на демократијата! Па мајката ваша, сё ви дадов!. Немаше оваа или онаа партија, ама имавте ССО, СК, синдикати, работнички совети, СУБНОР, ги имавте сите можности да се однесувате демократски и увежбувате демократските процеси.
Како да ви смета тоа што никој не можеше да напредува ако не е член на партијата! Па мајката ваша, кој сега напредува во тие ваши држави ? Да не се можеби независните интелектуалци?!
Ама, наете што, ме разочаравте и тоа многу длабоко. Се ви дадов, и што одеднаш вие направивте? Се разј***те! Каде се сега оние школи и фабрики, каде се универзитет они со вистинска смисла на образование? Колкавав е наталитетот?
Растете ли или паѓате ?
Дали сте среќни или несреќни?
Со своите пари или можеби на кредит?
Чии се банките?
Чија храна јадете, дали е увозна или домашна? Имате ли за зимница? Се сеќавате ли на моите зимници, секоја година, ах? Кој е кум на вашето дете?
Дали комшијата и пријателот е од друга нација, или повеќе тоа го нема? Каде ви се децата, со вас или заминале за странство, за да им го бришат газот на швабите?
Дали можете да живеете од пензија или сите се молете на господ да умрете пред да дојдете во пензија, само да нё страдате и не мачете своите деца?
Сироти будали! Што ви зборував – чувајте го братството и единството. Мислете дека јас тоа само онака го зборував?
Сироти будали ! Сега швабите и французите ви подметнуваат приказни за Европската унија! А вие пушете сё што ќе ви кажат! Па имавте унија посилна од европската, со војска, полиција, со банки, минимален увоз, чист воздух, домашна храна, бесплатно школување и лекување.
А сега ќе ја добиете нивната војска и полиција, нивните банки да ве ограбуваат, заборавете на чист воздух и вода, ќе одите кај нив да им служите а дома ќе јадете само го*но.
Ама, нека, тоа и сте го заслужиле “!











