САД започна со повлекувањето на нуклеарното оружје до Турција, тврди порталот EurActiv повикувајќи се на два независни извори. Нуклеарното оружје од несигурна Турција САД ќе го премести во Романија. Ова е епилог на повеќемесечните лоши односи на Анкара и Вашингтон, ама и незавидната политичка ситуација во којс се најде Турција после неуспешниот обид за воен пуч.


FOTO: (HINA)

Според едниот извор трансферот е прилично комплициран во политичка и безбедносна смисла.

“Не е лесно да се преместат дваестина нуклеарни бомби“, изјавил еден од изворите.

Во прашање се и голем број на безбедносни причини. Имено, за време на неуспешниот воен удар минатиот месец во базата Инџирлик снемало струја, а турските власти им забранија на американските авиони да ја напуштат базата. На крај, еден од главните луѓе на воената база Инџирлик е приведен и се наоѓа под сомневање дека учествувал во пучот.

Друг извор тврди дека после пучот Вашингтон дефинитивно повеќе нема доверба во Анкара. Така од сега Американското нуклеарно оружје ќе биде сместено во Девесел база во Романија, а тоа истовремено ќе предизвика жестока реакција од страна на Русија. За време на Студената војна ова црноморска земја била дел од источниот блок, меѓутоа Советскиот Сојуз никогаш во Романија не чувал нуклеарно оружје.

Романските власти, пак одлично ги отфрлија шпекулациите за тоа дека нивната база станала дом за нуклеарните боеви глави.

Турција сё подалеку од НАТО, а сё поблиску до Русија.

Дека односите на Турција и НАТО не се добри, вчера до знаење дал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој жестоко го нападна НАТО велејќи дека Сојузот на Анкара не и дава доволно подршка.

Во интервку за Спутник, тој изјавил дека Турција е подготвена во предвид да ја земен и воената соработка со Русија.

Чавушоглу исто така додал дека Турција е незадоволна заради недостатокот на соработка која НАТО ја искажува спрема Анкара.

“Кога Турција е во прашање, изгледа дека НАТО члениките ги избегнуваат прашањата како што се размена на технологија и заеднички инвестиции. Турција има намера да развие сопствена одбрамбена индустрија и зајакне својот одбрамбен систем“, истакнал тој.

“Во таа смисла, доколку на Русија тоа ја интересира, подготвени сме да ја разгледаме соработката во тој сектор“, ја прокоментирал Чавушоглу можноста од соработка со Русија.

Во интервју а агенцијата Анадолија Чавушоглу пред една недела изјавил дека Турција и Русија ќе ја разгледаат моќноста од воспоставување на заеднички одбрамбен, разузнувачки и дипломатски механизам.

Можеби рокму наглата американска недоверба ја налути Турција и ја сврти кон Русија со која имаше заострени односи од соборувањето на рускиот пилот минатата година. Меѓутоа, студените односи се затоплија, а Турција и Русија покажаа сё поголеми симпатии една спрема друга.

(TBT, HINA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here