sadam

Не станува збор за некаква љубов спрема Садам Хусеин. Ирачаните почувствувале дека анархијата и теророт се многу полоши од диктатурата.

Во моментите на паѓањето на Сдам Хусеин под налетото на американско-британската машинерија, светот во април 2003 година го обиколи фотографија на Иранчанец како со мацола (чекан) го разбива споменикот на ирачкиот диктатор. Повеќе од 13 години подоцна, Вашингтон пост го пронашол на Кадим Шариф ал-Џабори меѓу милионот на бегалци во Либан, оној истиот човек кој во 2003 година беше снимен како го разбива -крши споменикот на Садам Хусеин.

Во разговор тој изјавил дека неговиот чин од тој период денес боли и дека заради тоа му е срам. Не станува збор за одеднаш пробудена љубов спрема покојниот ирачки доживотен претседател, туку за тоа, како што вели тој, после паѓањето на Хусеин од власт, животот секоја година станува сё полош и полош.

“ И тогаш имаше корупција, судири, убивање, грабежи. Бев многу среќен кога го урнаа од на власт. Ама, Садам падна, а на негово место дојдоа 1000 други Садамовци“, ја истресол својата душа пред новинарите, човекот кој како што изјавил од сё најповеќе во овој момент посакал диктаторот да се врати од мртвите на старата позиција. Инаку тој претходно- порано бил личен механичар на автмобилите на Хусеин, ама во стварност нема причина да жали лично за него.

bhdtrfgdffd

Во еден момент паднал во немилост на Хусеин и за кратко звршил во затвор. Режимот на садам погубил 15 членови на неговото пошироко семејство. Ама, од 2003 година, Ирак западнал во состојба на потполна анархија, состојбата која милиони Ирачани денес ја вкусиле, неспоредливо ја гледаат како многу полоша и од бруталната диктатура на Садам Хусеин.

Ирак се подели на линија на племиња, верски судири. На сите страни се истакнуваат терористички групи, од кои Ал Каеда е само една од нив, и на крај поголемиот дел од земјата да биде окупиран од ИД,која во неодамнешен бомбашки напад на трговски центар во еден момент уби повеќе од 250 луѓе во текот на светиот месец Рамазан, некогаш време на прославување, среќа, мир, пост и молитва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here