Додека Европската Унија е во грч и стравува од колапс, на “Црниот континент“  во тренд e интеграција. Африканската унија (АУ) започна да изфаца заднички пасош со кој е овозможено безвизна слобода на движење по цела Африка.

Електронските пасоши ќе бидат претставени на самитоа во Руанда кон крајот на овој месец и за почеток ќе бидат изфавани само официјалните, додека до крајот на 2018 година истиот ќе го добијат сите жители.

Проектот “ Знаме на пријателство“ има за цел да воведе слободно движење на луѓето, материјалните добра и услугите на континентот за интергација и се базира на популарната визија на Панафриканското единство. Слободата на движење веќе долго време е приоритет на земјите членки, што се гледа и од претходните договори, како што е и договорот од Абуџи од 1991 година.

Заедничките пасоши веќе се усвоени во неколку региони како што е Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).

Моментално, само 13 африкански земји се отворени за сите африкански граѓани без виза, а мнозинството сеуште држи сериозни рестрикции за влегување во земјата. Африканската развојна банка апаелирала на државите што побргу да го спроведат планот за отварање на на границите, притоа како пример истакнувајќи ја Руанда која доживеала висок скок – рас на БДП-то благодарени на растот на туризмот кој уследил после отварањето на границите.

Reuters, Samit Afričke Unije
FOTO: Zuma (Reuters)

Укинувањето на визите ќе има големо влијание на работниците од днонот на социјалната скала, смета директорот за политички работи на Африканската ун ија др. Кабеле Матлоса.

“ Имаме проблем преку кој младите ги ризикуваат своите животи преминувајќи ја Сахара и Медитеранот на патот кон Европа. Доколку создадеме прилики во Африка, тој ризик ќе го намалиме. Африка е континент на мигранти кои не се така сомничави спрема бегалците. Ова ќе биде тест на панафриканизмот, доктрина која е во основата на постоењето на Африканската Унија. Ние сме посветени на таа фолозофија“, објаснува Матлоса.

Аналитичарите и експертите веќе го подвлекле потенцијалните предности и недостатоците на овој проект и еден од заедничките ставоеви е дека овој амбициозен план ќе биде остварен до 2010 година, иако се нстојува тој да биде реализиран и некаде пред дадениот рок до 2018 година.

Beta, Zasedanje skupštine Afričke unije
FOTO: (Reuters)

Заедничките пасоши, веруваат експертите ќе ја намалат потребата за намалување на увоз на стоки од Западот и ќе создаде нови можности за голем број на луѓе. Се очекува безвизниот режим да биде една од најголемите предности на Африканската унија, бидејќи ќе биде олеснето вработувањето и образованието.

Многумина сметаат дека отворените граници ќе им ја олеснат работата на терористичките групи, меѓутоа претставници на АУ истакнуваат дека клучен став за воведување на заедничкито пасош е создавање на заеднички регистер на луѓе и нивно движење низ континентот.

(The Bosnia Times, BBC)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here