Обединетите Арапски Емирати вчера ги предупредија своите државјани во странство да не носат традиционална арапска облека во бела боја, откако еден бизнимсен од ова земја во текот на посетата на САД бил приведен под сомневање дека е припадник на Исламската држава.

Медиумите од ОАЕ известија дека нивниот бизнисмен бил приведен во градот Авон во Охајо, отако рецепционерката на хотелот “Farefiled In” повикала полиција како би пријавила “маж поврзан со Исламската држава“, пренесе Ројтерс.

Рецепционерката наводно полицијата ја повикала откако забележала како бизнисменот во хотелското лоби разговара по телефон.

Арапскиот весник“Gulf News”  објави фотографии на кои се гледа како полицијата  соборува на земја маж облечен во традиционална арапска облека во бела боја, а потоа му ставаат лисици и одведуваат во притвор.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ во пораката на Твитер обавило: “ Ги советуваме граѓаните кои патуваат во странство да не носат формална облека на патувањата, посебно на јавните емста, заради нивната безбедност“.

Министерството исто така потврдило дека на консултации го повикале заменик америкскиот амбасадор  во ОАЕ Етан Голдрич, како би му доставиле протестна нота заради “насилното однесување на полицијата во Охајо спрема државјанинот на ОАЕ, притоа осудувајќи го снимањето при нговото приведување“, што било отценето како клевета.

Според тврдењата на новинските агенции  Голдриќ се извинил за овој инцидент и ветил дека ќе побара објаснување од властите на сојузната држава Охајо.

Нешто подоцна после увидувањето дека е настаната грешка претставници на овоја сојузна држава објавиле соопштение дека длабоко жалат и извинуваат заради настанатата греша, иако истата не била прифатена соодветно од страна на претставнци на ОАЕ.

 

(The Bosnia Times, Tanjug)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here