Огромниот авион буквално “шетал“ по пистата, а веднаш после тоа пилотите направиле нешто што од нив се очекувало.
На аеродромот во Дизелдорф често пати има појава од силни ветрови кои им прават проблеми на пилотите, меѓутоа слетувањето на овие писти сепак претставува можност овие луѓе да ја покажат својата вештина и умеење. Пилотите во кокпитот на “Ербас А-380“ докажаа де се одлични во она што го прават.
Силниот бочен ветер и влажната писта претставуваат препрека на секој пилот, а особено на оној кој треба да го спушти најголем патнички авион на светот.
На видео снимката направена минатата недела се гледа како овој огромен авион, и покрај големата тежина “шета“ по пистата,а на пилотите на авиокомпанијата Флај Емирати ( Fly Emirates ) мора да им се даде признание за вакво успешно слетување.
За големината на авионот најдобро сведочи фактот дека вертикалните стабилизатори на снимката брзо излегуваат од кадар.
Треба да се напомене дека за целосно натоварен А-380 со 434 тони ( најголема дозволена маса за слетување) потребно му е околу километар и пол од пистата да слета.
Погледнете го видеото кое потрдува дека не случајно Емиратите ги имаат најдобрите авиони и се разбира најврвните пилоти.
