Официјални руски реакции на Брегзит ќе бидат дипломатски, ама од зад кулисите “владее големо славење“, бидејќи сега Европската унија ќе биде забавена во сопствениот јад, коментира Инго Мантојфел уредник на редакцијата на “Дојче Веле“ на руски јазик.

post image

Мантојфел наведува дека во “победници на британскиот референдум не спаѓа само Најџел Фараж и другите еуроскептични политичари ширум Европската унија, слични како Герт Вилдерс во Холандија и Марин Ле Пен во Франција“.

“И рускиот претседател Владимир Путин спаѓа во профитерите од референдумот на кој е одлучено за Брексит. Во стварност малку е веројатно дека  од Путин по овој повод ќе се слушне триумфален говор. Премногу е силна неговата улога на меѓународен државник, кој се труди да игра реагирајќи дипломатски и умерено.

Мантојфел сета дека  со “одлуката за Брексит практично се исполнети максималните цели на руската надворешна политика во Европа – односно ЕУ во наредните години да се занимава самата со себе“.

Проширувањето на ЕУ моментално е незамисливо. Лошата вест за Украинците, Молдавците или Грузијците гласи дека проширувањето на ЕУ на постсоветските или балканските држави одтурнато е далеку, далеку на хоризонтот. Тешкое да се замисли дека наскоро ќе уследи укинување на визниот режим за граѓаните на Украина или Грузија“, тврди тој. Според него, “ европската перспектива на Украина , Молдавија и Грзија е закопана за подоцна“.

“Иако никој во Европската унија нема да смее тоа гласно да го изговори, овие земји посредно повторно ќе бидат втурнати во она што во Русија го сметаат како своја “зона на влијание“. Со тоа рускиот претседател Путин секако спаѓа во победниците на овој референдум“, заклучува Мантојфел.

Тој отценува дека “желбата на Британците да излезат од ЕУ на многумина Руси ги потсетува на распаѓањето на Советскиот сојуз“. Навистина, британската одлука претставува историски рез. Меѓутоа таа нема да доведе до целосен колапс на државниот и економскиот систем во ЕУ како што тоа било случај во текот на распаѓањето на СССР. Таа вистина гледачите на риските телевизии не можат да ја слушнат, нив пропагандистите на Кремљ им пренесуваат само приказни за распаѓањето на ЕУ.Со тоа треба да се одвлече вниманието на руската публика од сопствената криза и зацврсти монополот на моќта на чиновничката елита во Москва“, тврди Мантојфел.

Мантојфел вели дека “руската политика не може да се означи како зајакнување на популистичкото расположение во Европа или во САД која моментално е зафатена со растот на популарноста на Доналд Трамо“. “Причини за тоа се комплексот на демографски, политички и социјално-економски фактори. Меѓутоа Кремљ изминатите години видно ги зајакна напорите да ги подржи популистичките групации кои по правило се критични спрема ЕУ.

Тука имаше сешто, од кредит на една руско-чешка банка кој го добил Националниот фронт на Марин Ле Пен до крајниот наклонет извештај на руските медиуми наменети за странство за британската партија на Најџел Фараж и подршката ( за сега неуспешната) независност на Шкотска“, тврди Мантојфел. Според неговото мислење, “зајакнувањето на популистичките тенденции во Европа – воглавном оние десните, ама и се повеќе леви- треба да се поткопува стабилноста и функционалноста на Европа“. Логиката е следна: Што повеќе не единство во Европа, толку сё поголеми шанси да Русија извади подобар договор со брисел. Моментално тоа пред сё се однесува на ублажувањето на европските снакции“, отценува Мантојфел.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here