На почетокот на јуни во Техеран е одржан заеднички состанок на министрите за одбрана на Иран, Русија и Сирија, меѓутоа тој тој донел повеќе конфузија отколку одговори, пишува за порталот The Asia Times угледен индиски дипломат и аналитичар М.К.Бадракумар.


FOTO: Putin, Rouhani(AP)

Зошто на Иран му било неопходно во овој момент да организира таков состанок? Речиси сё што се знае за тоа потекнува од иранскиот министер за одбрана, генералот Hosein Dehkan, кого интензивно го цитирале иранските емдиуми. Тој соопштил дека состанокот во Техеран бил посветен на стратешкото гледање на судирите во Сирија, и ги изнел следните заклучоци:

– главна причина за сирискиот судир е “ експанзионистичката и агресивна“ политика на САД, Саудиска Арабија, Израел и некои други држави од регионот.

-САД и нејзините регионални сојузници биле неискрени во врска повиците за борба против тероризмот.


FOTO: (AP)

– во тек е “опасен заговор“, кој има за цел да го дестабилизира регионот, подтикне сепаратизам и поткопа националниот суверенитет на Сирија.

-Иран постојано бараше “сеопфатна борба“ против тероризмот и ќе истрае во тој пристап.

-Иран го свика состанокот  како би се разговарало за потребата од преземање на “решителна, брза, сеопфатна, и координирана акција“ против териристичките групи.

Состанокот во Техеран одржан е во сенка на шпекулациите дека рускиот и иранскиот пристап за сириската криза не се поклопува. Во некои ирански медиуми дури се појавиле и натписи и критики дек Русија во последно време попушта во своите воени операции во Сирија. Од друга страна, Москва за состанокот открила многу малку, а руското Министерство за одбрана соопштило дека се разговарало за “приоритетните мерки за зајакнување на соработката“, против екстремистичките групи и “безбедносните иницијативи“ со цел спречување на џихадистичките групи да водат пошироки воени операции.

Проблематичен напад на Рака

Меѓутоа, на 13.јуни четири денови после срдбата во Техеран, руската новинска агенција Спутник објавила интересен коментар за односите на силите во Сирија. Таа истакнала дека сириските владини сили се преоптоварени и дека не може да се очкува нивна непосредна воена победа во Рака или Алепо:

– Рака е голем град од 200.000 жители што секој напад го прави многу тежок. Покрај тоа, ИСИС сериозни ги зајакна своите позиции по градот…Друг проблем е недостстокот на воени трупи и помошни сили. Ефикасноста на руските воздушни напади околу Рака засега е многу слаба отколку во активната фаза на руската кампања, бидејќи авионите сега летаат до крајната цел. Не е веројатно дека сириската војска може да ја преземе контролата над локалните воени аеродроми, а воздушните напади во наслените подрачја ќе бидат невозможни. Во ова ситуаицја, можено е дека нападите на Рака да траат со месеци

Слична проценка се дава и за ситуацијата во Алепо, и се наведува дека најдобрите единици на сириската војска се ангажирани во Рака, и дека коминикациските мрежи и линии на снабдување спрема Алепо многу слаби. Во коментарот се предупредува дека офанзивата на Рака може да има добар пропаганден одзив, ама дека побарува многу време и многу воени сили, додека ситуацијата на неколку други фронтови се вели дека “може да се влоши секој момент“.

Рускиот коментар изнесува трезвена проценка на состојбата, и разбирливо е дека Москва не дели ентузијазам и верба во Техеран и Дамаск за општа победа. Руското давање на предност на прекинувањето на војната е разбирливо, додека од друга страна Иран и Сирија стојат на мислење дека прекинувањето на војн ата само би му помогнало на опозицијата да ги надокнади и поврати изгубените територии. Коментарот на генералот Dehkan покажува дека Техеран е внимателен во врска со односите кои Москва ги одржува со САД и Израел. Москва, оддруга страна, разговорите со САД ги користи за покренување на посилни механизми за контрола и спроведување на прекин на огнот.


FOTO: (AP)

Москва исто така активно ги промовира врските помеѓу командантите на влада и опозицијата, како би се смирил судирот на локално ниво. Со други зборови, Русија се фокусирала на преговорите и тарен прекин на прекинување на непријателстваѕа, додека паралелно го подржува внатрешно-сирискиот дијалог за идниот облик на сириската држава.

Американска стапица?

Русија исто така смета дека корисно е тоа што сега привремено се откажале од барањата дека Асад мора да замине во интерес на заедничкото и одржливо намалување на насилствата.  Големо прашање е што ќе следува сега. Иран и Сирија исклучително се внимателни дека САД и нејзините сојузници во стварност имаат план Б- а Русија може да падне во американската стапица на поделба на Сирија со помош на мировни сили, кои би биле составени од земји  пријателски настроени спрема одредени страни.

Неизбежен следен чекор на ваквиот развој би бил преносот на локалната власт на сириските фракции (власт и опозиција) во обласгтите кои ги контролираат. Постојат знаци дека ситуацијата се движи во таа насока, а неодамнешното доаѓање на британските и француските специјални сили би можело да биде показател на таквиот процес на децентрализација.

Се разбира, Техеран и Дамаск ова го гледаат како де факто поделба на Сирија од страна на надворешните сили, и тоа нема да го прифатат. Во нивните очи, Москва му дала предност на полесното решение.

Се разбира, од руска гледна точка, комуникациите со САД овозможуваат отварање на поширок дијалог со Вашингтон заради намалување на напнатоста во односите помешу двете земји. Ама, американскиот Стратфор, пишува: “ Белата куќа е отворена за тактичка координација со Москва, меѓутоа во Вашингтон не се чувствуваат посебно принудени да дадат значителни одстапки на Русија ( по други прашања освен самата Русија).“

Сепак, изгледа дека Москва се надева дека американко-руската координација ќе постане неизбежна во некој момент. Сё во сё изгледа дека во Иран почувстувале дека итен момент е да прогласат требога и потсетат дека сите три сојузници – Русија, Иран и Сирија- немаат друг избор туку да пливаат заедно. Останува да се види дали Москва го слушнала звончето кое минатата недела заѕвони во Техеран.

Извор:(The Bosnia Times, The Asia Times)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here