
Најважни настани минатата недела во регионот се случија во Сирија и Турција. Процесот на либерализација на визниот режим помеѓу Турција и Евроската унија стопиран е заради отфрлање на барањата кои на Анкараи ги постави Брисел за промена на турскиот антитерористички закон. Од друга страна на 9.мај Русија и САД узвоија заедничка изјава за Сирија во која се назначени главните чекори кои се нужно да се преземат за успешно завршување на преговарачкиот процес за политичкото решение на сирискиот судир.
Сирија:
Во заедничка изјава на дввете најголеми сили стои, дека Дамаск и сириската опозиција мораар да ги спречат нападите на цивилните цели и се повикува на обнова на преговорите во Женева засниван на документ на специјалниот пратеник на главниот секретар на ОН Steffan de Misture од 27 април. Русите и Американците забележуваат напредок во почитувањето на прекинот на сидирите, ама истовремено и укажуваат на сложената ситуација во низа локации.Русија ќе дејствува со сириските власти, со цел “минимализација на користењето на воените авиони во зоните со цивилно население и групации ориентирани кон примирје“. Русија и САД ќе усвојат мерки за одредување на територии кои ги заземаат терористичките организации ’Исламската држава’ и ’Џабахат ал-Нусра’ во Сирија исто така ги разгледуваат и варјантите за одлучно дејствување против загрозување на нивните страни.
Истовремено Москва и Вашингтон ги повикуваат сите страни да не дозволат било каква помош на терористите. Изјавата ги повикува сите учесници на Меѓународната група пријатели на Сирија, како и другите членови на меѓународната заедница да “обезбедат подршка на политичкото решение на судирите во Сирија по пат на целосна имплементација на резолуцијата ВС ОН број 2254,2268, Минхенската изјава од 2016, Виенската согласност на Меѓународните групи пријатели на Сирија од 2015, Женевската изјава од 2012 година“. Хуманитарната помош на сириското население вклучува и полна количина на медицинска и друга опрема, прехрамбени и други основни секојдневни производи. Москва и Вашингтон го повикаа на ОН да ја прошири територијата за доставување на хуманитарна помош, во градовите Нубол, Захра, Хасеке. Американско-руската изјава мора да испрати недвосмислен сигнал за тоа, дека алтернативи за политичко решение за војната во Сирија нема, соопштило на 10 април руското Министерство за одбрана.
Состојбата во Сирија е тешка, ама е ваќно да се изградат услови за политичко решение на судирот, изјавил истиот ден и рискиот претседател Путин, изразувајќи надеж дека иснтрументот за решавање на судирите кое е утврден со руските партнери вклучувајќи го и САД, ќе доведе до конструктивни и кардинални промени во ова земја.
Американскиот државен секретар Џон Кери на 10 април потврдил дека Меѓународната група пријатели на Сирија ќе се сретне на 17.овој месец во Виена, изразвувајќи надеж дека внатрешносириските преговори во Женева ќе започнат веднаш после тоа. Државниот секретар позитивно ја отценил улогата на Русија во прекинувањето на огнот, изјавувајќи дека без напори на Москва во Сирија не би можело во спротивно да се постигне примирје.
Сириската опозиција не смета било какво скорешно време враќање на мировните преговори во Женева“, изјавил на 11.април шефот на делегацијата на Високиот преговарачки совет (просаудиски дел од опозицијата) А. Аз-Зоуби.Според неговите зборови, заедничката американско-руска изјава од 9.април за подршка на примирјето и скорото започнување на преговори ја “разочарало“ просаудиската опозиција. Во исто време главниот координатор на тој Совет Р.Хиџаб на 13.април изјавил дека сириската опозиција не ги бојкотира мировните пеговори и подготвена е да се врати во Женева на разгледување на предониот период. Тој исто така додал дека застојот во преговорите настанал по вина на режимот во Дамаск, кој го отфрли разгледување на процесот на предавање на власта. Покрај тоа тој нагласил дека опозицијата како и порано смета за нереално било какво постигнување на договор со Асад.
Истовремено, воената состојба во Сирија останува се потешка. Припадниците на Џабхат ал-Нусра и другите нејзини приврзаници постојано го нарушуваат примирјето во Алепо. Северно од овој град , на територијата под контрола на Џабхат ал-Нусра доставени се боеви елемнти кои содржат хлор, соопштило руското Министерство за одбрана. Во зоната на Алепо довезуваат борци од “Турција“. Нарушување не прекинот на огнот забележано е и минатата недела, исто така во предградието на Дамаск, регионите на Латакија и хама. Припадниците на “Исламската држава“ минатата недела активирале напади на позициите на владините сили во регионот на Хомс и градот Деир ез-Зор на северо-истокот на земјата.
Како одговор на нападите на “ИД“ од територијата на Сирија, турската војска спроведува подготвовки за чистење на пограничниот појас на сирија од припадниците на ова организација, во зоната на градо Килис, изјавил на 12,април турскиот претседател Ердоган.
Минатата недела во Советот на ОН блокиран е рускиот предлог за ставање на групацијата „Jeish al-islam“ и „Ahrar ash-Sham“ на листата на терористички организации. Рускиот предлог беше блокиран од делегацијата на САД, Велика Британија, Франција и Украина.
На 11.април Белата куќа изјавила дека САД како и порано нема намера да воспостави воена противтерористичка соработка со Русија на сириска територија, помеѓу останатото и во зоната на градот Палмира.
Шефот на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија Ал-Џубејр потврдил на 11.април дека Ријад во иднина има намера да сириската опозиција да и доставува помош.
Турција:
Тиурција нема да ги прифати инструкциите на ЕУ по прашање измена на нејзиниот закон за антитероризам, изјавил на 10 април претседателот Ердоган, напоменувајќи дека тие змени се еден од условите за либерализација на визниот режим помеѓу двете страни. Притоа тој истакнал дека ЕУ и самата во неа е нужно да се определи по прашањето на тероризмот и сменување на сопственото законодавство. Европскиот парламент, од своја страна на 11,април го стопира разгледувањето на прашањата за воспоставување на безвизен режим со Турција, се до нисполнувањето на сите 72 барања кои и биле упатени на Анкара како услов за укинување на визите. Турција сепак предупредила дека доколку Европскиот парламент и понатаму го блокира договорот за промена на висниот систем, Анката ќе го прекини исполнуавњето на договорот за прием на мигранти на турска територија од ЕУ и дека на бегалците “ ќе им го отвори патот кон Европа“.
Турските воздушни сили продолжуваат со спроведување на воени операции против членовите на терористичката Работничка партија на Курдистан во југоисточниот турски регион Ширнак. Исто така соопштено е дека во овие операции учествувале и сили на военото воздухопловство, вклучувајќи и хеликоптери и беспилотни летала. Турските воздушни сили на 13.април извеле серија на напади по курските позиции во регионот Хаккари на југо-истокот на земјата и на северот на Ирак.
Главниот представник на ОН за човекови права З.Р.ал-Хусеин, побарал од турските власти дозвола за пристап на независни посматраќи на југо-истокот на Турција, бидејќи од “ ОН биле загрижени заради злосторствата извршени од страна на турските војници во градот Џизри , од декември 2015 одина па се до март 2016 година“.
Либија:
Сложена и нестабилна состојба минатагта недела имало и во Либија, каде сеуште прдолжуваат борбите помеѓу различните, мешусебно непријателски настроени вооружени организации. Либиската војска ( дел околу Х.Хафтар) започнала на 11.мај напад на позициите на борците на терористичката организација која го контролира градот Дерна на истокот на земјата. Информациите за тешки борби пристигнале и до Бенгази.
“Мисирустака бригада“, лојална на происламистичката влада во Триполи, одбила напад на броците на “Исламската држава“ источно од главниот град.
На 10.мај либиската влада на национално единство ( подржана од ОН) објавила информации за формирање на специјални воени постројки – претседателска гарда. Новата структура ќе се занимава со активности за обезбедување на заштита на владините институции, контролните точки (гранични премини) на државните граници и заштита на главните државни функционери. Во исто време Западните аналитичари нагалсуваат дека владата на националното единство “сеуште не е во состојба да ги координира воените акции за борба против припадниците на “Исламската држава“.
Според информациите на медиумите , Американците поставиле две постројби на специјалци на територијата на Либија, во зоните на градовите Мисурата и Бенгази, за подготовка на напади на истурените диници на “Исламаката држава“.
На 5.мај Велика Британија известила за својата подготвеност во Либија да испрати своја војска, со бројка од 1000 војници. Војската би се приклучила на тамошната италијанска мисија, а за своја цел имала обука и подготовка на либиската војска.Сега официјален Лондон очекува официјална молба од неодамна формираната влада на национално единство за поставување на нејзиниот контигент. За намерите на Британија на воена интервенција во Либија наскоро ќе известиме во посебна анализа.
Ирак:
Во Ирак минатата недела нагло се зголемиле терористичките активности. Терористичките напади , кои доведоа до голем број на жртви извршени се на 9,11,12,13 и 15,мај, а најголемата серија на напади се случи на 11.мај во Багдад. Тогаш загинале дури 94 особи, а ранети биле чповеќе од 150.
Општата состојба во Ирак секогаш останува сложена. Независно од тоа што во големите градови како што е Багдад и другите одржани масовни протести преку кои се бараат политички реформи и силна борба против корупцијата, „задачата за обезбедување на стабилноста и развојот на државата и понатаму стои пред ирачкото државно раководство.
Преговорите помеѓу водечките ирачки спротивставени политички фракции не даале резултати.Парламентот е толку разединет така да не може да се обезбеди ниту кворум за најважните прашања. Ирачаните се почесто зборуваат за нужноста од смена на владата“. Поранешниот советник по прашање за безбедноста на Ирак, а сегашен член на парламентот М. ал-Рубав смета, дека “политичката состојба во земјата денес представува апсолутен хаос.“
Јемен:
Во Кувајт продолжуваат преговорите помеѓу делегациите на јеменската влада и бунтовниците – шиитското племе Хути заради решавање на воениот судир во земјата. Минатата недела двете страни се договориле за начинот на размена на заробениците. Освен тоа, разгледувани биле и прашањата по безбедноста, извлекување на вооружените грипи на хутите од заземените градови и воспоставување на функционирање на државните институции. Истовремено, во јужните региони на државата, кои формално се наоѓаат под контрола на владините сили, минатата недела извршени се неколку големи терористички напади кои довеле до големи човечки загуби.
Јордан:
На.15. во Јордан започнале заенички американко-јордански воени вежби . Во нив учествувале 6.илјади војници, а се вежбало дејствување во услови на “традиционални и нетрадиционални закани“. Соопштено е дека “сценариото на вежбите вклучувало и обезбедување на границите, управувањето и надзор, сајбер-заштита и изведување на боеви акции“. Од американска страна учествувале копнени сили од составот на Здружената средишна команда на САД. Вежбата ќе трае до 24.мај. Инаку, тие се спроведуваат редовно од 2011 година.
Иран:
Количината на добиена нафта во Иран достигнала нивото кое било до моментот на воведување на меѓународните санкции. Во април нивото на произведена нафта изнесувало 3,56 милиони барели дневно, што е максимален показател од ноември 2011 година. Во исто време извозот на нафта досегнал 2 милиони барели дневно. Најголем увозник на иранска нафта во ноември била Кина, која увезила 800 илјади барели дневно.
Ова година иранските државјани нема да можат да заминат на хаџ во Мекка, бидејќи според изјавата на Техеран, Саудиска Арабија “не создала услови за аџиите“ од Исламска Република Иран. Како одговор, Ријад изјавил дека Иран е единствената држава која го огткажала потпишувањето на договорот за хаџ.
Египет:
Во египет на 15.мај судот во Каиро изрекол обвинителна пресуда на 152 учесници во протестите во египетскиот главен град, одржани на 25 април и за кој немало службено одобрение, а поврзани биле како реакција на предавањето на суверенитетот на два острови во Црвеното море на Саудиска Арабија. Сите осомничени осудени се на две до пет години затвор заради нарушување на законот за забрана за протестирање без претходна дозвола од страна на Минситерстството за внатрешни работи.










