FOTO: (Public) 

Пораката на Ердоган до Унијата пристигнува само на ден откако оставка поднесе турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој преговараше со Еврипската Унија, ама и во деновите во кои се зборуваше за тоа дека безвизниот режим е контрауслуга на Европа кон Турција која биле подготвена да го сопре бранот на бегалци.

Европа побарала од Турција да исполни пет критериуми, со што нејзините граѓани би можеле без визи да патуваат низ Европа, а меѓу нив клучен критериум е и измената на закони и стеснување законската дефиниција за тероризмот, во склад со прописите во Европа

Ердоган не сака да се согласи со тоа, бидејќи Турција, како што вели е под голема закана од страна на тероризмот.

Турскиот претседател изјавил дека треба и што побргу да се организира рефрендум за уставните реформи кои му даваат пошироки овластувања на шефот на државата.

“Неопходно е веднаш да ослучиме за новиот устав со претседателски овластувања. Во најкраток рок потребно е да се организира гласање по ова прашање“, изјавил Ердоган.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here