Власта во Русија се наоѓа во криза,а според зборовите на Николај Петров гостински соработник на Европскиот совет за надворешни работи, режимот на Владимир Путин би можел да падне во годините кои ни доаѓаат.

Како што се наведува, постојат три извесни сценарија за судбината на власта во Москва.

1.Путин успева да ги поправи односите со Западот и унапреди економијата.

Според најповолното сценарио Путин успева да ги поправи односите со Западот во светло на неговата улога во конфликтот во Сирија и Украина.

Исто така Путин во тој случај би можел да постави некој либерален политичар на висока позиција со што на Западот би му покажал дека е сериозен во намерата да спроведе реформи.

Овој знам, тврди Петров, би испратил позитивен сигнал кон Западот. Во исто време би имало мало придвижување и обновување на равнотежата помеѓу либералите и сегашните ама и поранешни членови на безбедносниот естаблишмент.

Сето това би довело до тоа, Петров смета дека Путин може да ја намали антизападната реторика ала и истовремено може да покаже дека го добил натпреварот со Западот и дека ја обновил силата на Русија.

Доколку ова се случи, тоа моментално би ги одложило моменталните проблеми во Русија. Ова би го сочувало режимот во Москва од моменталниот слом ама тоа би било само еден во низата критични реформи кои Кремљ би морал да ги спроведе.

2.Да се замени Путин

Според друго сценарио Путин би требало да биде заменет со помлад наследник. Ова би требало да го поправи огромниот дисбиланс во Русија со што од една страна би се редуцирала моќта на претседателот додека од друга страна би се подогнала моќта на руските институции.

Сепак, Петров истакнува дека поставувањето на наследник на Путин и потанаму со себе би носело многубројни потешкотии со оглед на тоа дека основните темели на општеството би морале да бидат повторно изградени.

“Релативно мирна смена на власта после смртта на Сталин не е можно да се повтори бидејќи недостасуваат поедини институции, слични како Комунистичките партии, кои би ја држеле земјата на едно место заедно. Најтесниот круг на пријатели на Путин би ја изгубиле позицијата на моќ со неговото заминување од власта“, рекол Петров.

Ова сценарио  на Русија само би и купило време. Новиот лидер би морал да се соочи со сите оние проблеми со кои Путин се соочува денес.

3.Смена на режимот

Вакво незадоволство од владата и колапсот на централниот авторитет би можел да доведе до тоа Русија да постане, како што објаснил Петров, “ федерација на корпорациите“.

Во овој случај различни центри на моќ во Русија, како на пример компаниите кои ги водат олигарси, државните агенции и регионалните сили како Чеченија би можеле да постанат самостојни центри на моќ

Во тој случај, Руската федерација би постанала нација во која локалните центри на моќ ќе се натпреваруваат за централна власт.

Извор:( BusinessInsider/EPK)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here