Година дена откако влезе во владејачкиот круг на Саудска Арабија, Мохамед бин Салман, многу брзо тргна во економска револуција на својата земја.

FOTO: Salman (SPA)
И тоа на начин кој покажува сеиозни показатели на широки реформи. Нацрттот кој го представи на почетокот на неделата генерирал воздбудување во земјата и странство. Прашањето е дали неискусниот принц чија моќ расте, син на кралот Салман, може сето тоа да го спроведе, пишува NYT.
Една од Компонентите на планот, наречена како “Саудиска визија 2030“ привлекла најмногу внимание. Станува збор за намалување на саудиската зависност од нафта, што земјата ја прави исклучително осетлива на цени на нафтата. Одвојувањето на економијата од нафтата, а истовремено да не сенаруши економскио стандард, владата планира да ги продаде акциите на нафетениот државен гиган Сауди Арамко, да се насочат парите од јавниот инвестисицки фонд и приватизираат виталните услуги, слични како образованието, здравството и аеродромите.
Потпирањето на нафтата дополнително ќе се намали со што стопанството ќе се насочи и на другите гранки. Планирани се нови инвестиции во соларни електрани и ветерници, изградба на мал одбрамбен систем и отварање на саудискиот пазар за “најдобрите таленти и најдобри вложувања на глобално ниво“.
Охрабрувачки тонови
Таквите тонови се охрабрувачки, пишува NYT, минатите реформи произведоа само скромни резултати, а препреки постојат и овој пат. Додека принцот ја консолидирал својата власт над економските министерства и тука дејствува со јасна поддршка на својот татко, не е јасно дали тој може да координира со спротивставените интереси на кралското семејство, бизнис заедницата, верскиот естаблишмент и популацијата воопшто.

FOTO: (SPA)
Еден од предизвиците на принцот Мухаммед, кој многу набрзина се искачи на скалата на политичката хиерархија, е создавањето-отварање на милиони работни места за младите од 30 години. Размазени со децении од приходите на нафтата, многу млади немаат ниту образование, нити технички вештини, ниту работна етика за работа во приватниот сектор, пишува NYT.
Систем на образование
Младиот 30-годишен принц зборува за создавње на систем на образование “поврзано за потребите на пазарот“, што претставува критична цел во спротивностите со постоечкиот систем за образование во кое религијата има центтално мест. Исто така постојат сомневања може чо лралството со ауторитативна власт да ги утврди регулаторните о правни структури за потребите на голем приватен сектор.
Меѓународните компании сакаат да знаат дека правилата се јасни и дека трговските спорови можат да се решат на основа на закони. На многу такви компании може да им биде неугодно да вложуваат во земјата во која моќните клерици практикуваат вехабизам, екстремените симпатизерите на ’Исламската држава’ и останатите терористи, кои имаат контрола над верскиот жовот и егзекуцијата на дисидентите.
Социјални промени
Сепак, иницијатовата на Мохаммед сигерира на тоа дека и пошироки реформи би биле можни во земјата во која жените се граѓани од втор ред, а странските работници немаат правен статус. Неговиот план не дава привид дека ќе се препознаваат основните човекови права и слободи на сите луѓе, ама ја поздравува умереноста, толеранцијата и еднаквоста – отвара проширена можност за жените и можноста за добивање на зелена карта за странците.
Во планот стои дека културата и забавата представуваа незаобиколни делови на здравото општество, и дека учеството на жените во спортот ќе биде стимулирано. Изгледа дека принцот Мохаммед разбира дека минимумот на овие промени е неопходен со што дисфункционалната земја би имала подобра иднина, заклучува NYT.










