Посетата на Обединетите Арапски Емирати пресвртна точка од аспект на односите меѓу двете земји

0
222

Отворивме нова страница во односите со Обединетите Арапски Емирати и на средбите акцентиравме на значењето на односите меѓу двете земји во претстојниот период, особено заедничката соработка со Саудиска Арабија за стабилноста и безбедноста на регионот

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека посетата на Обединетите Арапски Емирати претставува пресвртна точка од аспект на односите меѓу двете земји и дека постигнале согласност за унапредување и развој на меѓусебните односи во натамошниот период.

На покана на министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Абдулах Бин Зајед ал Нахјан, министерот Чавушоглу замина за Абу Даби. Пред да замине, министерот Чавушоглу направи проценка на средбите.

Министерот Чавушоглу рече дека отвориле нова страница во односите со Обединетите Арапски Емирати и потенцираше дека на средбите заедно акцентирале на значењето на односите меѓу двете земји во претстојниот период, особено заедничката соработка со Саудиска Арабија за стабилноста и безбедноста на регионот.

Мевљут Чавушоглу рече дека амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Анкара со должноста ќе започне на 7 мај.

На едно прашање на новинарите во врска со доцнењето на 3-те милијарди евра од ЕУ наменети за сириските бегалци, Министерот Чавушоглу рече дека ЕУ треба да најде попрагматични решенија.

Турција на ЕУ и укажа на потребата за поддршка на проектите и обезбедување буџет за намирување на секојдневните потреби на бегалците, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека ЕУ што поскоро треба да фрли конкретни чекори на тоа поле.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here