Бранот протести кој ја зафати Македонија се шири низ целиот свет. Деновиве Шарената револуција доби поддршка во Њујорк, Виена, Мелбурн, Берлин… Во некои земји за првпат, некаде веќе станува „традиција“.
„Поддршка за СЈО“, „Оставка од Иванов“, „Стоп за корупцијата“ „Чесни избори“, „Нема правда, нема мир“. Со скандирање и транспаренти дијаспората ширум светот им изразува поддршка на протестите и на ткн. Шарена револуција во Македонија.
Македонските политички лидери минатата недела не ја видоа Виена, но Виена ги виде Македонците. Повеќе десетици луѓе се собраа на Плоштадот на хероите (Хелденплац) да му изразат поддршка на СЈО и да го искажат незадоволството поради случувањата во Македонија.
Во неделата и холандскиот Амстердам почувствува дел од шармот на Шарената револуција.
На протестите, меѓу транспарентите се најде и поракaта: „Си ја сакаме земјата, се срамиме од владата“.
Солидарност и поддршка од Амстердам #протестирам #Македонија #НемаПравдаНемаМир pic.twitter.com/5SUnIewxvJ
— Никола Димитров (@NDimitrovMK) April 24, 2016
„Нема правда нема мир“ одекнуваше во Централ парк каде десетици луѓе мирно протестираа.
Поддршка стигна и од Етиопија, од каде македонскиот иселеник Јетон Старова заедно со своите соработници порача „Нема правда, нема мир“
https://twitter.com/ninjastic75/status/724219627778256896
