Турскиот претседател Реџдеп Таип Ердоган ќе претстојува во официјална посета на Хрватска.

FOTO: Erdogan (AP)
Како пишуваат хрватските медиуми, Ердоган со високи хрватски претставници ќе разговара за билатералните односи, посебно зајакнување на економската соработка.
Во вториот ден од претстојот, турскиот претседател ќе го посети хрватско-турскиот економски форум во организација на Хрватската стопанска комора.
Двете земји на ова посета му придаваат големо значење, а тоа мосе да се забележи и од бројот на делегацијата на Ердоган. Во Загреб доаѓаат министрите за правда, европски работи, економија, енергија, култура и туризам, и повеќе од 90 бизнис лидери на економскиот форум.
Економската соработка помеѓу Хрватска и Турција има доста потенцијал, иако трговската размена е релативно ниска.
Овој потенцијал треба да се искористи, како и економскиот форум, велат од претседателската канцеларија.
Турските ивестиции во Хрватска изнесувале 213 милиони евра, а повеќето од нив биле во областа на туризмот и енергетиката. Иако представува помалку од еден процент на вкупните ивестиции во Хрватска, турските инвестиции се во основа гринфилд ивестиции.
По доаѓањето во Загреб, во вторник попладне, турскиот претседател прво ќе се упати на Мирогој каде ќе положи венец пред Зидот на болката. После тоа ќе замине на Патовчак на состанок со претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.
(The Bosnia Times, Poslovni dnevnik)







