После одлуката на Мароко да ја протера мисијата на ОН оз Западна Сахара, с повеќе е веројатно дека тензиите ќе пораснат иде 40 годишниот конфликт ќе ескалира.

 


FOTO: (Profimedia)

Објавувањето на годишниот извештај на Обединетите нации за обновување на мандатот на мисијата на ОН зо Западна Асахара, предизвикала општа акција на мароканските дипломати во надеж дека ќе ги сопрат тежнеењата на спорната територија кон автономија.

Напорите на Мароко доаѓаат после изјавата на Бан Ки Мун во кој го употребил зборот “окупација“ кога зборувал за мароканската анексија на Западна Сахара. Официјален Рабат многу е чувствителен на употребата на овој збор, бидејќи спорната територија му е предадена на Мароко од страна на колонијална Шпанија, што според позицијата на кралството била окупација.

Мароканскиот крал Мохамед VI минатата недела по телефон разговарал со рускиот претседател Владимир Путин околу овој проблем, а како што било подоцна соопштено од страна на кралскиот кабинет, договорено е зајакнување на соработката и координацијата како би дошло до “ избалансирано и продуктивно “ решение до крајот на април.

Москва го подржа Рабат по прашањето на спорната територија после посетата на мароканскиот крал минатиот месец, а удел во одлуката на Кремљ секако има и анексијата на Кримскиот полуостров.


FOTO: Mohamed VI, Putin (AP)

“Русија ја застапува мароканската позиција во решавањето на овој проблем“, кажано е во заедничкото соопштение на Путин и кралот Мухаммед после средбата во Кремљ.

“Руската Федерација и Кралството Мароко не подржуваат никакво забрзување на политичкиот процес, ниту било какво кршење на параметрите на  дефинираните резолуции на Советот за Безбедност по повод сахарското прашање“, се додава.

И официјален Вашингтон ја изрази подршката на Рабат.

Сметаме дека мароканскиот план за автономија е сериозен, реалистичен и кредибилен. Пристапот на Мароко би можел потенцијално да го задоволи тежнеењето на западна Сахара“, твитувал на својот профил портпаролот на американската мисија Куртис Купер.

Извор: ( Newsweek)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here