
Претходно оваа недела “ Албанската национална армија“, организација позната под името “Armata Kombëtare Shqiptare” (AKSH), објавила заканувачка снимкја на која се гледаат вооружени лица со маскирни униформи и сокриени лица како читаат проглас за нивните идни активности на Косово и сите “албански земји“, вклучувајќи ја и Македонија.
Ова група против е “ Охридскиот рамковен договор“ со кој завршија судирите помеѓу припадниците на таканаречената “ Ослободителна национална војска“ и македонските сили за безбедност во 2001 година.
Организацијата (група) настанала во 2001 година во Македонија и 2003 година УНМИК на AKSH ја прогласи за “терористичка организација“. AKSH е поврзана со “Националниот фронт за обединување на Албанците“ (FBKSH) кое се прогласило за “ политичко крило на организацијата“.
Од 2003 година имала неколку акции на 7.март 2004 двајца нејзини припадници се обидоа да детонираат бомба, а во пукотница убиени се припадници на српска полиција. во 2007 година емитувана е видео снимка од страна на косовските телевизиски станици, кои прикажуваат вооружени милитанти (припадници) на AKSH, а во октомври 2007 година оваа организација изјавила дека насила ќе ја преземе српска енклава Северно Косово, ако КФОР тоа не го направи до 1.ноември 2007 година.
На 13.ноември 2007 година, прикажана е видео снимка, ексклузивно интервју со лидерот на AKSH во текот на тајното патролирање во тајните делови (подрачја) на Северно Косово. Тогаш лидерот на групата изјавил дека AKSH има вкупно 12000 луѓе, и го повика косовското население на бојкот на тогашните предстојни избори.
AKSH тогаш изјавила дека спроведуваат патроли во Северно Косово, како би се спречило упаѓањето на припадници на српската група “Straža Cara Lazara”.
На 29.април 2010 година припадници на AKSH на границата помеѓу Косово и Македонија извршиле напад во кој загинал еден македонски полицаец.
Порталот Veru.Info овие денови објавил репортажа со снимки и фотографии на борците на AKSH, а на 13 годишнината од убиството на двајца нивни членови ова организација во раните утрински часови им се представила на јавноста.
Тие изразиле “загриженост заради моменталната политичка ситуација во албанските земји“.
На покана на лидерот на групата, новинарот на порталот Veriu Info , Газменд Морина, бил присутен кога на “ Специјалната единица на AKSH“ и е прочитано писмо од главниот командант на организацијата.
Газменд Морина одржал и краток разговор со еден од лидерите на AKSH кој изјавил дека организацијата има свои припадници (сили) во Албанија, Македонија, Прешевската долина и неколку делови на Косово и додал ова организација во воена смисла “може да се мобилизира за многу кратко време“.
Одбивајќи точно да каже во кои делови на Косово е активна, командантот на AKSHизјавил дека организацијата има единици, воени бригади и специјални единици, што значи дека се добро обучени и подготвени за акција.
На прашање каде се наоѓа командната база (штаб), тој не одговорил, ама изјавил дека AKSH ја сочинува албанското население и дека организацијата е активна и во институциите на Косово.
Активирањето на вооружената формација од околу 12000 борци во овој момент најмалку е потребно, пред сё заради ситуацијата во Македонија, каде лидерот на Македонската опозиција Зоран Заев се обидува да го урне диктаторскиот режим на владејачката партија, кој според некои аналитичари наликува како на “украинското сценарио“.
ФОТО – Новинарот Газменд Морина во друштво со припадници на AKSH:













